ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ромската заедница се обединува и најавува засилено делување преку градење кауза под мотото „Единство и еднаквост“

July 18, 2022 13:27
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Фото: РСМ

Фото: РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Градење ромска кауза под мотото „Единство и еднаквост“, најавија денеска претставници на 10 граѓански организации и на Општина Шуто Оризари откако потпишаа Декларација за заедничко делување со цел политичко, економско и социјално единство на ромската заедница.

Како што беше речено на прес-конференција, приоритети ќе бидат: поголема вклученост на ромската заедница во законодавната и извршната власт, имплементација и операционализација на усвоените стратешки документи, како и правичен пристап до фондови за ромските граѓани.

-Оваа иницијатива за здружено делување е произлезена од потребата на ромската заедница, локалната самоуправа и граѓанските организации прашањата, потребите и предизвиците на Ромите да заземат повисоко место во агендата на носителите на одлуки, меѓународната заедница, на националните и меѓународните донатори, истакна Фатима Османовска.

Општ е заклучокот, напомена Османовска, дека изминатите години исклучително стагнира развојот на ромската заедница во сите области и на сите нивоа.

-Неимплементацијата на стратешките документи, ниското ниво на политичка партиципација, поделеноста на ромската заедница по сите основи, нејзината незастапеност во новите вработувања во јавниот сектор, неповолните здравствени политики и социјалната исклученост, значително ја влошуваат положата на Ромите, а за продлабочување на овие проблеми придонесува и недостапноста на фондовите за ромскиот граѓански сектор, потенцира Османовска.

За спроведување на целите дефинирани со Декларацијата, како што рече Османовска, ќе се реализираат индивидуални и групни средби со заедницата, со политичките партии, со носителите на одлуки, како и со донаторската заедница. Планирани се и јавни презентации на потребите на заедницата.

На новинарско прашање во врска со немањето гинеколог во Шуто Оризари, на прес-конференцијата беше нагласено дека ваква ординација се очекува да профункционира од септември.

Во врска, пак, со децата питачи, беше нагласено дека и ова прашање е третирано.

-Имаше обиди и ова прашање да биде решено, децата да бидат сместени во институциите, но тие се повторно на улица. Од кои причини, нема соодветен одговор, рече претставникот на граѓанските организации, Зекир Абдулов.

Next Post

Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија за уште 500 милиони евра воена помош за Украина

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk