ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вучиќ: Трипати испративме барање до Хрватска за посета на Јасеновац во изминатата година и беше одбиено секој пат

July 18, 2022 20:33
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната прес-конференција презентираше детали за одлуката на Загреб да не му дозволи приватна посета на Јасеновац. Како што изјави, трипати е испратено барање да го посети Јасеновац и секој пат бил одбиен од бесмислена причина, јави дописникот на МИА од Белград.

– Првпат информацијата за забраната за моето одење во Јасеновац, случајно или не во српските медиуми не се појавува… Информацијата за моето неодење во Јасеновац ја објавува Јутарњи лист во седум часот и 20 минути. Зошто се случува ова? Затоа што мислеа дека ќе излеземе во јавност, но ние мислевме тивко да им предадеме нота на претставниците на Хрватска. Затоа тие тргнаа во напад со луди аргументи. Замислете, Вучиќ сакаше да дојде на наша територија да положиме цвеќе и да запали свеќа. Замислете каков хаос тие очекуваа, наведе Вучиќ.

Тој  додаде дека во неколку наврати од Загреб стигнала порака да се пролонгира посетата, и молбата беше почитувана.

– Всушност, на 2 септември 2021 година првпат контактиравме со кабинетот на Пленковиќ, со барање да го посетиме Јасеновац. На 4 септември добивме барање да ја одложиме посетата и го направивме тоа. Не известивме никого. Хрватска во секој случај ни е важна. Сакавме да спуштиме топка. Јас во март 2022 година го повторив барањето да го посетам Јасеновац. Добив порака да ниту сега не треба да патувам. На 4 март решив да го испочитувам тоа. Ние повторно не излеговме во јавноста. Потоа третпат го известив Милорад Пуповац дека доколку смета дека е потребно да го извести Плековиќ дека планирам да го посетам Јасеновац, да го направи тоа. Тој веројатно го направи тоа. Јас никогаш не ги поврзав Јасеновац и Олуја, но тие да, рече Вучиќ.

– Реков дека една камера ќе отиде со нас. Ќе ја информиравме јавноста дека бевме таму. Срамота е што ниту еден српски претседател за време на својот мандат не бил во Јасеновац… Затоа сакав да заминам и да кажам дека нема да ги заборавиме жртвите што загинаа таму и ништо повеќе од тоа, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека во четвртокот, на 14 јули, добил искрена молба од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, да не оди во Јасеновац.

– Тие кажаа дека се збунети и дека неофицијално слушнале за посетата. Мојот советник за надворешни работи рече дека планот не бил покриен медиумски за да не ја испровоцира хрватската држава. Таа ме извести и реков дека не сакам да слушам бесмислици и дека само сакам да положам цвеќе. И потоа се случи сето ова. Мојот грев се сведе на тоа што сакав да одам во земја на ЕУ и да положам цвеќе. Ми изгледа нелогична забраната… Јас на море во Хрватска не одев, ниту го сакам тоа, само сакам во Јасеновац да одам, изјави претседателот на Србија.

Тој најави „големи систематски промени во српското образование“ со цел да се зачува споменот на српските жртви./МИА/

Next Post

Фаучи: Ќе дадам оставка до крајот на мандатот на Бајден

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk