ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: На овој историски ден за нас започнува ново поглавје за македонскиот јазик

July 19, 2022 15:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На овој историски ден за Северна Македонија, кога се одржа првата Меѓувладина конференција со ЕУ со што се отвора процесот за прием на земјава во европското семејство, започнува и едно ново поглавје за македонскиот јазик – порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во Брисел, информираат од Министерството за култура.

Јазикот кој се говори на сцените на македонските театри, кој се пее на концертните подиуми, на кој се пишуваат македонската проза и поезија, отсега па натаму не само што ќе биде заштитен туку ќе доживее и нова промоција, зашто допрва македонскиот збор ќе одекне во многу нови култури каде што досега многу малку допрел – истакна министерката.

Таа уверува дека со почетокот на преговорите, јазикот, како темел на Македонците, се прецизира без никакви дополнувања и дообјаснувања. Со тоа се отвора вратата македонскиот јазик да стане еден од официјалните јазици на Европската Унија.

Задоволството на овој ден е огромно, кога по 17 години носење тешки, важни, патриотски одлуки Република Северна Македонија и сите нејзини граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или каква било друга припадност, се на вистинската страна. Северна Македонија природно, вредносно и цивилизациски припаѓа во европското семејство. Нашето место е во Европската Унија. Ние досега многупати докажавме дека сме партнер од доверба на Европската Унија – вели таа.

Костадиновска-Стојчевска е децидна дека продолжуваме по истиот пат, во интерес на граѓаните, и Владата работи посветено во рамките на автентични иницијативи за забрзување на процесот на интеграција во ЕУ. Иднината на македонските граѓани е европска.

Next Post

Боркица бара развод од Никола Груевски и старателство над децата

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk