Прилепската полиција привела едно лице, осомничено во врска со опожарувањето на возилото на прилепскиот пратеник Петар Ристески. Други детали полицијата не соопштува, освен дека работи на расветлување на случајот.
Возилото на пратеникот Ристески е целосно изгорено, делумно и она на неговиот татко во пожарот околу 1:45 часот изутрината. Противпожарната единица навреме го изгаснала огнот за да не се прошири на семејната куќа на Ристески. Полицијата и прилепското основно јавно обвинителство направиле увид. Нема повредени, земени се траги за вештачење, а јавен обвинител побара обезбедување евентуални видео снимки од надзор на околните објекти.





