ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ВИДЕО) Акција „Крикот на охридската пастрмка“

July 20, 2022 13:19
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Акцијата „Крикот на охридската пастрмка“  спроведен во Охрид, има за цел да ја алрмира јавноста за загрижувачката состојба со популацијата на еднемската охридска пастрмка. Акцијата се состои од стари рибарски мрежи на кои се поставени силуети на фотографии од пастрмки, како и пораки во облик на риби.

Организаторите на акцијата, нагласуваат дека иако Охридското Езеро нема концесионер повеќе години, а ловот е строго забранет, охридската пастрмка се нуди во сите ресторани околу езерото, под тезга, во рибарниците, а постојат и таканерачени “агенти“ кои вршат достава на пастрмка до дома.

„Криволовот, односно рибокрадството со години има енормни размери, што доведува до десеткување на популацијата на пастрмката. Се почесто се ловат, односно криволоват риби неколкукратно помали од законските мерки за минимална големина на пастмка, односно единки кои воопшто не успеваат да достигнат репродуктивна зрелост, туку илегално завршуваат на трпеза. Најдобар пример за состојбите со популацијата на пастрмката може да се види од една акција на Државниот Инспекторат за Земјоделие, при која се одземени мрежи со улов од околу 140 пастрмки, кои заедно тежеле само 33 килограми, односно во просек по околу 400 грама, што е далеку под минималната мерка и далеку од репродуктивната зрелост на рибите.


Поради немање концесија, но и поради низа бирократски бариери веќе неколку години не се врши вештачки мрест и порибување од македонската страна на езерото, додека бројките со кои се порибува албанската страна на езерото се минимални. Акцијата беше спроведена на 5 места во Охрид и се надеваме дека на овој начин ќе ги испровоцираме надлежните поефикасно и поревносно да се зафатат со решавање на овој проблем.


Акцијата се состои од стари рибарски мрежи на кои се поставени силуети на фотографии од пастрмки, како и пораки во облик на риби со следната содржина: „Купувањето охридска пастрмка е соучесништво во нејзиното истребување.“ „Охридската пастрмка е загрозен вид и ловот е строго забранет.“ „Не постои легално уловена охридска пастрмка во Македонија бидејќи е трајна забрана за лов на пастрмка и белвица.“ „Купувајќи и консумирајќи охридска пастрмка и белвица директно го поддржувте рибокрадството и нивното уништување.“ „Езеро без концесија – село без кучиња .“ „Не биди рибокрадец! Не барај охридска пастрмка и белвица.“, истакнуваат организаторите на акцијата „Крикот на охридската пастрмка“.

Next Post

Нема лажни народи, има народи кои ќе живеат во мир, стабилност и пријателство, а има народи кои ќе војуваат за територии

EVN

НАЈНОВО

Хоман најави повлекување на дел од имиграциските сили од Минесота

January 29, 2026

(ФОТО) Сидни Свини по патот на Ким Кардашијан: како славните градат брендови за долна облека

January 29, 2026
Фото: СДСМ

Филипче најави тужба за Жан Митрев: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk