ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на средба со тимот на Светската банка

July 22, 2022 10:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Низ годините Народната банка (НБ) беше столб за зачувување на финансиската стабилност, којашто е суштествена за економскиот раст. И во тековните услови на изразени макроекономски ризици, домашниот банкарски систем е стабилен и има капацитет за соодветна кредитна поддршка на економскиот раст.

Ова беше посочено на средбата помеѓу тимот на  Народната банка, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и Јасмин Чакери, менаџер на Одделот за макроекономија, трговија и инвестиции за регионот на Европа и Централна Азија при Светската банка, Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија и Косово и Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист.

Како што беше нагласено со новата регулатива којашто би се донесла во следниот период, а се изработува во согласност со европската практика, се зацврстува рамката и водечката улога на Народната банка во носењето и спроведувањето на макропрудентната политика.

-Во контекст на досегашните остварувања, на средбата беше заклучено дека солвентноста на банкарскиот систем е на стабилно и солидно ниво, со стапка на адекватност на капиталот од 17 отсто. Показателите за ликвидноста и натаму се на задоволително ниво и упатуваат на соодветно управување на банките со ликвидносниот ризик. Квалитетот на кредитното портфолио на банките и натаму е солиден, за што е потврда ниското ниво од 3,1 проценти на учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансискиот сектор. Солидните остварувања на банкарскиот систем се секако резултат и на регулаторната рамка поставена од страна на Народната банка. Притоа, согласно со одлуката на Европската комисија, беше оценето дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со стандардите на ЕУ, велат од НБ.

На средбата, додаваат, стана збор и за новите законски решенија, коишто се во прилог на јакнењето на механизмите за одржувањето на финансиската стабилност, односно Законот за финансиска стабилност и Законот за решавање на банките.

-Тимот на Светската банка ја истакна важноста на овие решенија со кои на централната банка ќе ѝ се даде поширок мандат за спречување одредени системски ризици во банкарскиот сектор. Исто така, со Законот за финансиска стабилност, којшто е во собраниска процедура, законски се регулира Комитетот за финансиската стабилност, како макропрудентно тело коешто ќе ја засили координацијата на финансиските регулатори при утврдувањето на системските ризици и синхронизираното преземање макропрудентни мерки, посочуваат од НБ.

Нагласуваат дека станало збор и за тековната состојба и стапките на инфлација што растат во светски рамки.

-Од Светската банка беше истакнато дека од големо значење е навременото и соодветно приспособување на политиките, согласно со тековните очекувања и очекувањата за идните движења. Носителите на политиките во овој момент, кога има нагорно придвижување на цените поради воениот конфликт, се соочуваат со потребата за монетарно затегнување. Притоа, за монетарната политика е особено важно да не се предизвика негативно влијание врз економскиот раст при изборот на мерките за запирање на инфлацијата. Во тој контекст, Народната банка успешно им одговара на тековните предизвици и претпазливо ги применува мерките за одржување на стабилноста, прецизираат од НБ./МИА/

Next Post

Голем шумски пожар во близина на Национален парк во грчката област Еврос

НАЈНОВО

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk