ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска Стојчевска: Нашиот став е конзистентен – за јазикот не преговараме, нашиот јазик е заштитен

July 23, 2022 13:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Бисера Костадиновска-Стојчевска. Фото: Д. Муратов / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Ставот на Владата е конзистентен, а тоа е дека за јазикот, идентитетот и културата не преговараме, што значи дека нашиот јазик е заштитен, изјави денеска во Охрид министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

-Она што јас можам да ви го кажам, не сакам да коментирам ставови на други држави. Но, сакам да го искоментирам  на Република Северна Македонија, дека за јазикот, идентитетот и културата не преговараме, што значи дека нашиот јазик е заштитен. Јас бев дел од владината делегација која што присуствуваше на Првата меѓувладина конференција и ми беше особено драго што цел ден таму и на Меѓувладината конференција и на првиот дел од скрининг процесот јас присуствував и зборував на македонски јазик. Имаше преведувачи коишто не преведуваа за да можат да разберат и евроамбасадорот Гир и сите присутни внатре бидејќи бевме заедно со делегацијата од Република Албанија. Нашиот став е конзистентен, ист и тоа е дека за јазикот не преговараме, дека нашиот јазик е чист. Во преговарачката рамка нема фусноти, нема никакви додавки. Македонскиот јазик е македонски јазик којшто е кодифициран во 1945 година, рече на новинарско прашање за оспорувањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија министерката Костадиновска Стојчевска, која присуствуваше на отворањето на почесниот конзулат на Србија во Охрид.  

Таа повтори дека она што Република Бугарија ќе го даде како изјава е нешто што Бугарија треба да го објасни и воедно информира дека присуствувала на вчерашната седница на Советот за македонски јазик.

-Вчера јас имав голема чест да присуствувам на седница на Советот за македонски јазик кој што е советодавно тело, којшто преку заклучок даде насоки понатаму на Владата од кои начела Владата во текот на преговорите треба да се задржи, а тоа е тоа дека нашиот јазик е кодифициран во 1945 година и дека како и Владата и тие даваат насока да не се преговара за македонскиот јазик. Како претставник на Владата јас ги уверив дека во ниту еден момент во текот на целиот процес дури да пристигнеме до моментот на отворање на преговори никој не преговараше со македонскиот јазик, идентитет и култура. Како што кажав и на отворањето на „Охридско лето“, како што кажувам и секој ден, ако некој сака да го убеди нашиот народ дека ние не го признаваме македонскиот јазик па ние на македонски зборуваме, на македонски зборувавме и после седницата каде што мнозинството граѓани, мнозинството пратеници, дадоа поддршка на преговарачката рамка и ден денес зборуваме македонски, тоа никој никаде нам не ни го оспорува, вели Костадиновска Стојчевска./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Рама му честиташе на Ердоган за постигнатиот Договор за извоз на украинското жито

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk