ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Зеленски: Денот на Украинската Државност на 28 јули ќе ја потврди поврзаноста на многу генерации наш народ

July 25, 2022 10:42
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Денот на Украинската Државност ќе ја потврди поврзаноста на Украинците кои живеат сега со многу генерации на нашиот народ. Повеќе од илјада години државотворно искуство на Украинците, нашата култура, нашиот идентитет, украинскиот карактер, истакна во своето обраќање украинскиот претседател Зеленски.

„Утре започнува важна, симболична недела. Неделата кога првпат ќе го прославиме Денот на Украинската Државност на 28 јули. За прв пат.

Ќе го одбележиме во време на една ваква брутална војна – во шестиот месец од неа. По осум години војна во Донбас. Но, ќе го одбележиме. И покрај се. Затоа што Украинците не можат да бидат скршени.

Денот на Украинската Државност ќе ја потврди поврзаноста на Украинците кои живеат сега со многу генерации на нашиот народ. Повеќе од илјада години државотворно искуство на Украинците, нашата култура, нашиот идентитет, украинскиот карактер.

Сега, во многу подвизи на нашите војници, во мудроста на нашиот народ во битките, дури и едноставно во разговорите на обичните Украинци за тоа што се случува, можеме да видиме, можеме да слушнеме и разбереме примери на исти карактери, но пред стотици години. Можеме да видиме примери за иста храброст, ист однос кон животот и што е најважно, односот кон Украина и кон непријателот.

Само оние кои не ја знаат вистината на историјата и не ја чувствуваат нејзината смисла би можеле да одлучат да не нападнат. По сето она што го помина нашиот народ, по сето она што го научивме низ вековите. Украинците никогаш нема да се откажат од својата независност. И тие нема да се скршат одвнатре, како што се случило повеќе од еднаш. Не овој пат!

Да се заштити единството сега, да работиме заедно за победа е најважната национална задача што сите ние мора да ја исполниме.

И затоа, ќе можеме да го направиме она што претходните генерации претходно не можеа да го направат. Ова се однесува на нашата одбрана во оваа војна за независност и нашето движење кон обединета Европа, за полноправно членство во ЕУ и нашата способност да станеме една од најмодерните држави во светот.

Сега нема некој кој се сомнева во ова. Постојат само оние кои се расправаат за тоа како да го постигнат тоа. Тоа ќе биде. Ова е знак на верба во Украина – не само нашата сопствена вера.

Дури и окупаторите признаваат дека ќе победиме. Тоа го слушаме во нивните разговори – цело време, во она што им го кажуваат на своите најблиски кога контактираат со нив.

Затоа, не се опуштаме и, како и секој ден веќе пет месеци, правиме се за да му нанесеме најголеми можни загуби на непријателот и да собереме што поголема поддршка за Украина.

Оваа недела ќе има важни посети на партнери, ќе има важни преговори, а најважно ќе биде натамошното промовирање на украинските позиции. На фронтот, во дипломатијата, во економијата.“

Next Post

(ВИДЕО) Шестгодишната Ирина: Прво почина вујко ми, па татко ми, решив да ѝ помогнам на војската за Русите да не дојдат овде

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk