26 јули е денот кој е најдлабоко врежан во меморијата на Скопје, градот на солидарноста. Тој е потсетник дека имаме должност на новите генерации да им ја пренесеме љубовта, еснафскиот дух и пожртвуваноста со кои градот се градеше и развиваше, но и да им оставиме аманет никогаш да не ги заборават жртвите од катастрофалниот земјотрес на кои денес се сеќаваме и им оддаваме почит, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.
„Скопје се сеќава!
На денешен ден во 1963, во точно 5 часот и 17 минути, накратко запре срцето на Скопје. Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи и направи огромна материјална штета. Но, со трудот и пожртвуваноста на скопјани и на пријателите од целиот свет кои несебично подадоа рака, од рушевините се роди едно ново Скопје. Скопје кое стана синоним на солидарност, етничка и архитектонска шареноликост, на еден нов, модерен, космополитски дух. Тоа е вистинскиот код на градот.
26 јули е денот кој е најдлабоко врежан во меморијата на Скопје, градот на солидарноста. Тој е потсетник дека имаме должност на новите генерации да им ја пренесеме љубовта, еснафскиот дух и пожртвуваноста со кои градот се градеше и развиваше, но и да им оставиме аманет никогаш да не ги заборават жртвите од катастрофалниот земјотрес на кои денес се сеќаваме и им оддаваме почит.
Слава им!“, пишува во објавата.