ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ацевски ги повика надлежните институции да утврдат дали имало прекршувања при набавката на битумен

July 28, 2022 12:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Костадин Ацевски денеска на прес-конференција ги отфрли како неосновани обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека е сторен криминал од околу четири милиони евра при набавка на битумен.

Ацевски нагласи дека целата постапка е спроведена согласно Законот за јавни набавки и дека секоја заинтересирана фирма можела да учествува на тендерот. Ги повика надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки за утврдување на евентуални прекршувања на законите, а од опозицијата побара доколку е сигурна во своите тврдења, да поднесе пријава против него, но и против поранешниот директор на јавното претпријатие „Улици и патишта“ и актуелен претседател на партиската Комисија за инфраструктура Синиша Ивановски поради тоа што во 2017 година во многу поволни услови на пазарот потпишал договор со цени на останати трошоци поголеми за три до четири пати во однос на цените од договорот во 2022 година.

– Од овој графички приказ можете да видите дека цената на сите останати трошоци во вкупната цена во договорот од 2022 година е со најнизок процент во однос на договорите за 2015, 2016 и 2017 година кога се движи меѓу 63 и 70 проценти, иако цените на дизел горивото тогаш биле двојно пониски, рече Ацевски.

Поништувањето на постапката, според Ацевски, би довело до два и пол месеци неработа на претпријатието, загрозување на безбедноста во сообраќајот и неасфалтирање на 21 магистрален и регионален патен правец или над 70 километри патишта.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, денеска поднесе претставка до Антикорупциската комисија за набавката на битумен.

– Денеска до ДКСК, поднесовме претставка за набавката на битумен од Костадин Ацевски, кадар на СДСМ, во име на Македонија пат. Ацевски потпишал договор во којшто од тендер вреден 10 милиони евра, прифатил  само за транспорт да плати 4,5 милиони евра, речиси половина од овој тендер се за транспорт. Во прилог на оваа претставка го поднесовме и договорот за јавната набавка, каде што се гледа методологијата, според која што има фиксен и променлив дел. Променлив дел е цената на битуменот, заради берзанските цени, додека фиксниот дел се однесува на транспортот, маржите и давачките, и којшто дел всушност ја определуваат најповолната понуда на тендерот за вакви набавки, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски./МИА/

Next Post

Пендаровски и Гир разговараа за предизвиците во преговарачкиот процес со ЕУ

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk