Нашите компании уште еднаш покажаа колку се агилни и во тешки времиња инвестираат во подобрување на нивната конкурентност и нивните продукти преку воведување нови производствени линии за зголемена ефикасност и продуктивност, истакнува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Како што информира, на денешната владина седница било донесена одлуката за доделување на договорите за државна помош според Законот за финасиска поддршка на инвестиции на компаниите.
„Оваа година ќе се потпишат нови 280 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори. Додека пак само во 2021 година овие 280 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и креирале над 1500 нови работни места.“, вели Битиќи.
Тој нагласува дека оваа Влада, е посветена за поддршка на стопанството во насока на рамномерен регионален и забрзан технолошки развој, внесување на иновации и дигитализирање на процесите, што придонесува за поголема продуктивност и конкурентност на компаниите на домашниот и на меѓународните пазари.