ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Две нови ленти за камиони на Табановце, од 1 октомври пуштање на стоката во промет за само еден час

July 29, 2022 14:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По алармот дека на граничниот премин „Табановце“ една од лентите за „Отворен Балкан“ не функционира, во употреба се пуштени други две кои товарните возила ќе можат непречено да ги користат, соопштија денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на Царинската управа Славица Кутиров.

Како што рекоа Спасовски и Кутиров по посетата на „Табановце“, гужвите во овој период се многу големи поради годишните одмори, но мора да се направат максимални напори за обезбедување непречен проток на стоките, посебно на оние со краток рок на траење, како и да се овозможи брз премин на патниците.

Во насока на забрзување и олеснување на протокот на стоки, како што најави Кутиров, од 1 октомври во примена ќе биде измената на увозната царинска постапка која ќе овозможи за еден час, ако е правилно поднесена потребната декларација и доколку е подмирен царинскиот долг, стоката по автоматизам да биде пуштена во слободен промет.

Во првите седум месеци од годинава фреквенцијата на возила и патници на граничните премини за влез и излез од државата е зголемена за 45 проценти, а конкретно на „Табановце“ за 30 отсто.

– Сите капацитети на граничните премини работат во полн состав. На „Табановце“ рабтевме на отворање две нови ленти и тоа веќе се реализира за да имаме побрз проток. Во однос на Отворен Балкан, не значи дека рампите се кренати и дека може да се влегува и излегува без да се застанува. Кога има граничен премин, постојат процедури кои мора да бидат запазени од безбедносен и од секаков друг аспект. Значи, иницијативата не значи кревање на рампите, туку дека државите од Отворен Балкан ќе имаат далеку подобри привилегии при поминувањето. Се уште се прават анализи каде ќе може да се скрати времето на минување, изјави Спасовски.

Според директорката на Царинската управа, вчерашниот прекин на минување од еден час поради дефект на вагата за товарните возила, бил отстранет за 60 – 90 минути, но и тоа е доволно за предизвикување застој.

-Сепак, тоа се нормални работи за ваков премин каде се применуваат современи технологии, а има и голема гужва зашто сезоната е во ек. Важно е дека институциите работат максимално за обезбедување на сите потребни услови за побрз проток на патници и товарни возила во најголемиот шпиц. Една од забелешките беше дека една од лентите за Отворен Балкан не функционира. Тоа не смее да биде проблем. Ние веднаш реагиравме со МВР и колегите од Србија и овозможивме уште две нови ленти кои досега беа на излез, да се применуваат за влез. Двете ленти за камиони ќе бидат непречено во функција, рече Кутиров.

В.д. извршната директорка на Стопанската комора Билјана Пеева Ѓуриќ потсети дека следењето на протокот на стоки на „Табановце“ што почна на 1 јули, продолжува и во август.

-Воочивме дека проблемите се главно од инфраструктурен карактер на кои би можело да се работи за поголема ефикансост и помала гужва. Договорено е да се воспостават тимови со по еден претставник од секоја служба на надворешно-трговското работење за оперативно секој ден да се работи на отстранување на сите детектирани пропусти. Во односна дигитализацијата, и тука има простор да се направат дополнителни унапрдувања за системот да биде поефикасен, потенцира Пеева Ѓуриќ.

Моментно на „Табановце“ функционираат 10 ленти – две за камиони, една за автобуси која повремено се користи и за патники возила и уште седум ленти за патнички возила. Дигитализацијата и електонската сигнализација ќе бидат приоритети за уште поголема ефикасност на овој граничен премин./МИА/

Next Post

Отфрлена тужбата за сексуален напад против Боб Дилан

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk