Украина ја интензивираше кампањата за заземање на регионите под руска контрола на југот, обидувајќи се да ги изолира руските сили во областите каде што е тешко да се испорача снабдувањето, изјавија воени претставници, пренесува Al Jazeera Balkans.
Украински авиони погодија пет руски бази околу Херсон, тврди украинската војска.
Киев рече дека освоил и некои помали населби на работ на Херсон.
Британското Министерство за одбрана во четвртокот објави дека украинската контраофанзива на југот на земјата „зазема замав“.