Маж и жена риболовци од Литванија го посетиле Кабо Сан Лукас, Мексико, и биле изненадени од нивниот улов… Човекот, имено, уловил риба со нешто налик „човечки заби“.
Во коментарите под видео снимката велат дека тоа е „Sphoeroides annulatus“ – род отровни риби од фамилијата „Tetraodontidae“. Тие можат да се најдат, обично – во источниот дел на Тихиот Океан, од Калифорнија до Перу и Галапагос. Имаат јасни одлики и необичен изглед на предните заби. Нивното месо е отровно и не треба да се јаде.