ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска-Малаг: Со потпишувањето на Меморандум за соработка, Северна Македонија и Полска ги зајакнуваат пријателските односи

July 30, 2022 10:34
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на престојот во Република Полска, оствари билатерална средба со министерката за семејство и социјална политика на Република Полска, Марлена Малаг.

На официјалната посета на македонската делегација предводена од министерката Тренчевска беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Министерството за семејство и социјална политика, од страна на двете министерки.

Покрај нашата делегација, на официјалната средба присуствуваше и Амбасадорот на Република Северна Македонија во Репуплика Полска, Васил Пановски и второт Секретар на Амбасадата.

На билатералната средба се разговараше на повеќе теми, од кои фокусот беше ставен на социјалната економија, каде министерката Малаг изјави дека во нивната земја има традиција на солидарност, а со влезот во ЕУ и носењето на законската регулатива постигнат е исклучителен напредок. Новиот закон на кој работи полското Министерство ги вклучува темите на социјална интеграција, создавање на нови работни места и социјални услуги.

Министерката Тренчевска  зборуваше за подготовките низ кои поминуваме во процесот на изработка на Законот за социјално претприемништво. Всушност и социјалните услуги на кои интензивно се работи, со цел нивен успешен развој.

„Во Република Северна Македонија социјалните услуги се потенцијал за развој на социјалното претприемништво и создавање работни места на најранливите категории на граѓани,“ рече Тренчевска.

На средбата се разговараше и за поддршката на лицата со попреченост при што  двете страни ги потенцираа силните напори за деинституционализација, креирање социјални услуги и поддршка на овие лица. Претставниците на македонската делегација информираа околу изработката на повеќегодишна Национална стратегија за лица со попреченост која треба да се донесе во блиска иднина и процесот на деинституционализација на лицата со попреченост, процес кој е во тек, со започнатите реформи во социјалната заштита од 2019 година.

На средбата исто така се дискутираше на темите за заштита на децата, згрижувачките семејства и елиминирање на семејно насилство и насилство врз жените.

Средбата беше заокружена со договор за понатамошна соработка, особено на полето на социјалното претприемништво и реализирање на Меморандумот за соработка.

Министерката Тренчевска изрази задоволство од  пријателските односи кои ги имаат двете држави, како и поддршката на Република Полска на Република Северна Македонија во процесот на европската интеграција, поддршка за која и двете страни изразија уверување дека ќе продолжи и во процесот на преговори на Република СевернаМакедонија со Европската Комисија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Девет активни пожари, еден локализиран

July 8, 2025
Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО

July 8, 2025

Седум гледачи повредени на германското првенство во велодромски велосипедизам

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Димитров доминираше над Синер, но поради повреда го предаде мечот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk