ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба на претседателот Пендаровски со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон

July 31, 2022 20:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

-Поздравувајќи ја првата посета воопшто на еден шпански премиер на нашата држава, претседателот Пендаровски истакна дека Шпанија низ годините се покажа како важен партнер на Северна Македонија на билатерален и мултилатерален план и принципиелен поддржувач на аспирациите за членство во Европската Унија. Притоа, претседателот Пендаровски изрази задоволство од динамиката на политичките контакти во последните неколку години, истакнувајќи дека истите значително придонесуваат за унапредување на односите меѓу двете држави. Во таа прилика, претседателот Пендаровски го истакна интересот за натамошно проширување на економската соработка, трговската размена и инвестициската соработка во наредниот период, соопшти Кабинетот на претседателот.

Во однос на одлуката на Европската Унија за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, претседателот Пендаровски оцени дека отворањето на преговорите е од големо значење не само за реформските потфати во двете држави туку има влијание и во актуелните геополитички и безбедносни околности во регионот и на европскиот континент. Во тој контекст, како што стои во соопштението, претседателот Пендаровски нагласи дека Северна Македонија останува конструктивен партнер на Европската Унија во одговорот на предизвиците предизвикани од воената агресија врз Украина.

-На средбата беше посочено дека претстојното претседателство на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и претседателството на Шпанија со Европската Унија во втората половина на 2023 година се добра можност за меѓусебно координирање во однос на активностите и приоритетите. Во текот на разговорот, соговорниците разменија и мислења и во однос на актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, стои во соопштението.

Next Post
Бојан Маричиќ Фото: Фронтлајн

Маричиќ: Правиме едноставна и функционална преговарачката структура која на брз рок ќе дава резултати

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk