ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Русковска го оспорува извештајот: Јавниот обвинител не може да се меша во конкретните предмети на обвинителите

August 1, 2022 16:41
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска го оспорува извештајот изготвен од Јавното обвинителството на Љубомир Јовески, во однос на претресот во Управата за финансиска полиција.

Русковска во изјава за Алсат вели дека јавниот обвинител нема законско право да се меша во постапувањето по конкретен предмет. Претходно од ОЈО соопштија дека констатирале неправилности кај обвинителите што извршија претрес на работата на директорот на УФП Арафат Муареми. Оттаму додаваат дека од обвинителките биле побарани одредени информации, но Русковска негира дека и таа била повикана да даде изјава.

Не, од мене не е побарано да доставам изјава, изјави Русковска.

Понатаму, од ОЈО информираат дека лицата од Управата над кои се вршел претресот имаат полициски овластувања, па затоа за нив може да постапува единствено Специјализираното одделение за гонење кривични дела извршени од лица со полициски овластувања.

Според тоа, тројцата јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале по овој предмет, а не се дел од Специјализираното одделение, ненадлежно постапувале по кривичната пријава. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија укажува дека предметот треба да се заведе во соодветен уписник и согласно распоредот да се додели на јавен обвинител кој е распореден во Специјализираното одделение, нагласуваат од ОЈО.

Според Русковска, пак, прашање е дали директорот има полициски овластувања со оглед на тоа што го именува Владата. Во секој случај, додава таа, предметот може да се презаведе од еден уписник во друг и тоа е законски.

Во однос на тоа дека од ОЈО утврдиле неправилности и при барањето за претрес, што го одобрил надлежниот судија, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал вели дека Судот е тој кој одлучува дали има основи за издавање наредба за претрес.

Тоа дали има основи за издавање наредба за претрес одлучува Судот, не јавниот обвинител. Доколку некој сметал дека претресот е незаконит, можел да вложи жалба до Кривичниот совет на Судот. Колку што ми е познато, таква жалба не е вложена, вели Русковска.

Порано денеска ЈОРСМ соопшти дека двајца јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Севера Македонија, постапувајќи по претставка од Управата за финансиска полиција, во согласност со членот 28 од Законот на јавното обвинителство, извршиле надзор и увид во предмет оформен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ја доставиле до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

Во соопштението меѓу другото се наведува и дека во согласност со чл.27 ст.4 од Законот за јавното обвинителство,  со укажувањето, задолжен е  јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, целосно да го испита постапувањето по овој предмет, да ја утврди фактичката состојба и сите релевантни околности, пропустите во постапувањето и фактите за евентуална одговорност и за тоа да достави информација до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Next Post

Резников: Украина доби уште четири ракетни системи ХИМАРС од САД

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk