Претседателот на државата Стево Пендаровски имал телефонски разговор со претседателот на Бугарија Румен Радев по повод Националниот ден на Република Северна Македонија – 2 Август.
Од Кабинетот на претседателот Пендаровски за МИА потврдија дека имало телефонски разговор со претседателот Радев, кој бил протоколарен. Како што појаснија, претседателот Радев се јавил да го честита празникот Илинден.
На Твитер и бугарското МНР упати честитка по повод празникот Илинден.
Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија.
Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој; остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи https://t.co/wEGoLoX93K
— MFA North Macedonia ?? (@MFA_MKD) August 2, 2022
Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија. Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој; остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи, е објавено на Твитер од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.
Претходно, од Министерството за надворешни работи на Бугарија на Твитер упатија честитки до граѓаните на Северна Македонија по повод државниот празник – 2 Август.
– Искрени честитки до Република Северна Македонија и нејзините граѓани по повод нивниот Национален празник – 2 август. Уверени сме дека и во иднина ќе продолжиме со добра волја и политичка храброст да работиме за развој на добрососедските односи, се наведува во честитката од бугарското МНР.





