ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден ја потпиша втората извршна наредба за заштита на правото на абортус

August 4, 2022 09:11
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател, Џо Бајден, вчера изјави дека Врховниот суд и републиканците немаат поим за моќта на жените, откако тој ја потпиша втората извршна наредба чија цел е заштита на правото на абортус.

Извршната наредба бара од федералното Министерство за здравство да размисли да дозволи да се користат средствата на програмата „Medicaid“ за помош при патувања надвор од државата за абортуси. Како и првата извршна наредба на Бајден, што беше потпишана во јули, и оваа се однесува на неодамнешната одлука на Врховниот суд за ставање крај на уставното право на абортус на национално ниво.

Наредбата се очекува да има ограничен ефект, бидејќи републиканците во американските држави туркаат бран закони кои го ограничуваат абортусот, пристапот до лекови и финансирањето на таквите услуги.

Новата наредба на Бајден доаѓа откако гласачите во Канзас отфрлија еден таков обид да се отстрани заштитата од абортусот од државниот Устав. Гласањето беше голема победа за движењето за правата на абортусот, во првиот изборен тест низ целата држава по пресудата на Врховниот суд.

-Мислам дека судот нема поим за тоа или Републиканската партија за тоа…како жените ќе одговорат. Тие немаат поим за моќта на Американките, рече Бајден. „Синоќа во Канзас тие дознаа“.

Резултатот во Канзас тој го нарече „одлучувачка победа“ и додаде дека гласачите во оваа сојузна држава испратиле „силен сигнал“ што јасно стави до знаење дека политичарите не треба да се мешаат во основните права на жените.

-Оваа борба не е завршена и тоа го видовме синоќа во Канзас, рече Бајден. Врховниот суд „практично ги принуди жените во оваа земја да излезат на гласање и да го вратат правото на глас, кое штотуку им беше одземено“, рече Бајден.

Минатиот месец, Бајден рече дека Врховниот суд, во кој односот на силите е шест спрема три во корист на конзервативните судии, е „надвор од контрола“ откако во јуни донесе одлука за поништување на пресудата во случајот „Ро против Вејд“, ставајќи крај на полувековната заштита на репродуктивните права на жените.

Неговиот прв декрет на почетокот на јули му наложи на федералното Министерство за здравство да го прошири пристапот до медицински абортуси и да обезбеди заштита за жените кои патуваат за абортуси.

Новата наредба се надоврзува на овие мерки, но како и во случајот со првата, останува нејасно како може да се постигнат тие цели./MИА/.

Next Post

Владата активно работи на справување со енергетската криза, вели Ковачевски

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk