ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Влада: Со „Отворен Балкан“ ќе добиеме работна сила во дефицитарните дејности

August 9, 2022 15:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија со „Отворен Балкан“ ќе добие работна сила во дефицитарните дејности, а слободниот пазар на труд носи повисоки плати и инвстиции во секоја од трите земји, велат од Владата, во пресрет на отворањето на единствениот пазар на труд во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Од Владата укажуваат дека иницијативата „Отворен Балкан“ е можност за зголемување на конкурентноста на нашиот регион, како и дека зголемената понуда е привлечна за нови инвестиции што е клучната цел на Договорот за слободен пристап до пазарот на труд. Мобилноста е важен аспект за развојот на економијата, и од тој аспект, како што посочуваат, треба да сме свесни дека постојат дејности, како што е туризмот во кои ќе се влева работна сила во Северна Македонија од соседните Албанија и Србија, а секако дека ќе имаме и примери и во обратен правец.

– Овој проект носи натпревар во квалитет, но носи и раст на платите, нови можности и размена на искуства. Комплементарна со оваа мерка е и иницијативата за основање заедничка агенција на трите земји од Отворени Балкан за привлекување странски инвестиции, со што како пазар од 12 милиони граѓани стануваме многу поатрактивни за големи инвеститори. За ваквиот тип на инвестиции кои бараат поголем пазар, основен предуслов е регионалната мобилност на работна сила, посочуваат од Владата.

Од таму укажуваат дека Договорот за слободен пристап важи само за приватниот сектор, поради што стравувањето за наводно губење на медицинскиот кадар од земјава е неосновано.

Имајќи предвид дека проектот се очекува да започне со реализација на почетокот на есента и оти ваквата мобилност и до сега не беше беше забранета, од Владата нагласуваат дека не треба да се шпекулира со помпезни бројки и квоти за кои не постои аналитичка поткрепа.

-Ние веруваме во својот потенцијал и квалитет. Регионалната соработка овозможува раст и развој на економијата. Ние и до сега имавме размена на работна сила со нашите соседи, а сега со Отворен Балкан бизнисите нема да трпат и да се соочуваат со бирократски процедури кои дури го втурнуваа приватниот сектор и во сива економија. Елиминирањето на овие бирократски процедури како што се легална заработка, плаќање на даноци, осигурување и слично ќе го зголеми економскиот раст, посочуават од владинот кабинет.

Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан е еден од петте договори што во декември лани на Самитот на иницијативата ги потпишаа лидерите на трите земји од „Отворен Балкан“, тогашниот премиер Зоран Заев, неговиот албански колега Еди  Рама и српскиот претседател  Александар Вучиќ,

Договорот, според најавите, ќе им овозможи на граѓаните од овие три земји слободно да се движат и да работат во земјите потписнички на договорот. Со одредбите од договорот се поедноставуваат процедурите за еднаков пристап до пазарот на трудот во регионот по примерот на ЕУ, со што, како што беше истакнато на  потпишувањето,се прави чекор повеќе кон прифаќање на вредностите и практиките во Европската Унија.

Next Post
Украина ја доби првата серија од 50 оклопни возила „Кирпи“ од Турција. Фото: Принтскрин Јутјуб

(ВИДЕО) Украина ја доби првата серија од 50 оклопни возила „Кирпи“ од Турција

EVN

НАЈНОВО

Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

January 28, 2026
Скриншот, видео Х

Прв официјален извештај за убиството на Алекс Прети: пукале двајца агенти на ICE

January 28, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk