ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Напредок на европско Тетово преку доверба за советниците на СДСМ и коалицијата

August 11, 2022 19:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Напредокот на европско Тетово може да биде реалност само доколку советниците на СДСМ и коалицијата ја добијат вашата доверба и можноста да бидат вашиот глас во Советот, порача министерката за одбрана, Славјанка Петровска, воедно и членка на Централниот одбор на СДСМ, која заедно со кандидатите за советници вечерва на средби со граѓаните на Тетово ја побара поддршката за советничката листа.

Таа посочи дека на патот до европско Тетово два аргументи даваат одговор на прашањето зошто во советот на градот треба да има повеќе советници од СДСМ и коалицијата.

Прво, за да се запре сето она што не треба да се прави и второ да се поминат проектите за кои сите вие се согласувате дека му се потребни на градот, а градоначалникот не ги почнува или воопшто пак ги нема во својата програма. Такви се проектите за изградба на нов мултифункционален спортски комплекс и конечно парк во Тетово, затоа што тетовчани и тетовчанки тоа го заслужуваат. Јас можам да ве повикам на овој начин да ја дадете поддршката за моите колеги од СДСМ и коалицијата бидејќи доаѓаме од иста партија, иста коалиција, а од партијата од која доаѓаме, тоа што го ветуваме тоа и го остваруваме, изјави  Петровска.

Таа потсети на заложбите на СДСМ, од чии редови како министер го предводи секторот Одбрана.

Вие сите знаете колку добија војниците од Тетово, вашите сограѓани, кои застанаа во армискиот строј и ја чуваа нашата држава. Знаете дека Законот за служба во Армијата стоеше заглавен во Собранието повеќе од една година блокиран од опозицијата со решенија на кои припадниците на Армијата меѓу кои и Вашите сограѓани чекаа со нетрепение. Но со посветеност и истрајност предложивме нов уште подобар текст на закон кој се усвои во Собранието. Се што ветивме сега се реализира. Војниците и офицерите на кои изминатите 4 години месечните приходи им пораснаа за повеќе од 50 проценти сега со овој нов закон добија уште едно покачување. Правото на користење на средства од над 9 илјади денари за станарина од сега го има веќе секој војник што ќе стапи во редовите на Армијата. Условите за пензионирање се уште поповолни, за исплата на отпремнина износот е уште поповолен од претходно. Сега војник кој служел на државата може да земе отпремнина од околу 20 илјади евра. Следната година започнуваме со реконструкција на објектите во тетовската касарна. Подготвуваме и нов проект Центар за обука во зимски услови на Попова Шапка, изјави Петровска.

Next Post

Дезинформации за каменување на Ирскиот паб во Скопје од „Шверцери“: демант од МВР и пабот „Св. Патрик“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk