ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОТ: Пандемијата и кризата се главни предизвици за спроведување на Гаранцијата за млади

August 12, 2022 18:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2020 година, 34,2 отсто од 20.000 невработени млади во Северна Македонија кои се регистрирале за мерката „Гаранција за млади“ добиле понуда за работа во рок од четири месеци, но оваа бројка минатата 2021 година значително се намалила, па така за мерката се регистрирале 18.000 лица, додека бројот на оние кои добиле понуда за работа се намалил за 43,7 отсто, покажува извештајот кој по повод 12 август – Денот на младите го објави Меѓународната организација на трудот (МОТ), пренесува Мета.мк.

Според податоците, меѓу невработените млади лица побројни се жените, како и возрасната група од 25-29 години, но и оние со завршено средно образование.

Наодите се однесуваат на извештајот од мапирањето на младите луѓе кои не се вработени и не се дел од системите за образование или обука, односно НЕЕТ-лицата, со цел поддршка на подготовката на новиот План за спроведување на Гаранцијата за млади за периодот од 2023 до 2026 година.

Мерката „Гаранција за млади“ овозможува лицата до 29 години кои не се вработени, ниту пак вклучени во образование и обука, да добијат понуда за работа, да го продолжат своето образование или да се вклучат во некоја од активните мерки за вработување во рок од четири месеци по нивното евидентирање како невработени лица.

Како што велат од МОТ, мапирањето овозможува детален преглед на состојбата на овие лица, причините поради кои не се дел од пазарот на трудот или системите за образование и наука, како и мерките кои треба да бидат преземени за ефикасно спроведување на Гаранцијата за млади.

„Од исклучителна важност е инвестирањето во сите региони во земјата за олеснување на пристапот на лицата со болест или попреченост до пазарот на трудот и прилагодувањето на мерките со цел намалување на родовиот јаз во пристапот на пазарот на трудот“, се вели во извештајот.

Од МОТ истакнуваат дека Гаранцијата за млади генерално покажува добри резултати и успешност, особено во насока на зголемување на вработливоста на лицата кои биле надвор од пазарот на трудот и сегашниот систем.

„Сепак, важно е да се истакне дека пандемијата, но и општата ситуација со сегашната криза, се главните предизвици за спроведувањето на Гаранцијата за млади, кои со сеопфатна меѓусекторска соработка можат да се надминат. Податоците од извештајот покажуваат дека 24,2% од младите луѓе се НЕЕТ-лица, процент што е двојно повисок од процентот на ЕУ кој изнесува 13,7%. Исто така, институциите ќе треба во наредниот период да обрнат посебно внимание и да креираат начини за поголемо вклучување на младите жени на пазарот на трудот, затоа што податоците покажуваат дека постои тренд на пораст на бројот на жени кои остануваат надвор од системите за образование или обука”, вели Даниела Ѕампини, Виш специјалист на МОТ за вработување.

Инаку, Северна Македонија е првата земја од Западен Балкан која започна со спроведување на Гаранцијата за млади во 2018 година.

По региони, највисок процент на млади лица кои не се вработени и не се дел од системите за образование има во Југозападниот, Полошкиот, Североисточниот и Скопскиот регион.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Судот на барање на Обвинителството му го одзеде пасошот на Жан Митрев

НАЈНОВО

Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

October 21, 2025

Над 8.000 граѓани вакцинирани против сезонски грип, се спроведува и вакцинација во домашни услови

October 21, 2025

Врисокот на Кочани

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk