ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општина Тетово договорите за вработување склучени преку приватна агенција ги држи во „тајност“

August 14, 2022 12:13
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај тоа што се платени со парите на граѓаните, договорите за работа кои општина Тетово ги спроведува преку приватната агенција за вработување „Џоб 2011“ остануваат тајна за јавноста. Овој договор ги чинеше тетовските даночни обврзници околу 297 илјади евра, а од општината не ги откриваат имиња на лицата вработени преку овој договор. Топката ја префрлуваат на приватната агенција, додека од таму не одговараат на новинарските прашања, пишува Порталб.мк, пренесува МЕТА.

Од општина Тетово, иако Порталб.мк многупати прати прашања за ова прашање, постојано бегаат од конкретен одговор. Бараните информации, за тоа кој е вработен во Општината преку приватната агенција за вработување, не ги даваат ниту преку барањето за пристап до информации од јавен карактер.

„Во врска со ова прашање треба директно да се обратите во приватната агенција. Врз основа на законските норми од Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за приватни агенции за посредување при вработување, овие работници се сметаат за вработени во приватни агенции, додека својата работа ја вршат во општина Тетово. Сите договори се вработувања со кои се пополнуваат слободните работни места во општина Тетово и истите се во согласност со систематизацијата на работните места“, велат од Општина Тетово.

Истата информација ја побаравме и од агенцијата „Џоб 2011“, но тие не одговорија на новинарските прашања.

Потенцираме дека меѓу многуте општини кои склучиле договори со приватни агенции за привремени вработувања, таа на Тетово е со највисок износ од 18.290.000 денари (околу 297.000 евра). Надоместокот за услуги од стана на агенцијата достигнува 6,58% од бруто платата, плус 18% ДДВ.

Доколку, како што инаку велат, транспарентноста, отчетноста, одговорноста пред јавноста и пред граѓаните на Тетово, остануваат главен императив на работата на општината, тогаш општината треба да им објасни на граѓаните кој зема плата од нивните даноци.

Инаку, Касами пред да дојде на чело на општината вети редовна отчетност и транспарентна општина, што е дел од изборната програма за Тетово 2021-2025 година. Меѓу другото, во програмата се нагласува: Постојана отчетност за трошењето на јавните средства, постапките на администрацијата да бидат проверливи онлајн за граѓаните и други.

Потсетуваме дека општината досега двапати ги има објавено имињата на лицата кои биле вработени преку договори на дело, во во првото тромесечје од годинава имало 78 а во второто тромесечје биле 14.

Next Post

МВР за еден ден изрече 295 казни за брзо возење

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk