ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Во првите седум месеци од годинава АД ЕСМ произведе за 15 отсто повеќе струја од истиот период лани

August 16, 2022 16:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

АД ЕСМ работи со максимален капацитет согласно моменталните можности на електраните и на нашите ресурси и целосно исклучиво од наше сопствено домашно производство ги задоволуваме потребите на универзалниот снабдувач ЕВН хоум за граѓаните и малите потрошувачи, односно не набавуваме електрична енергија од увоз, туку набавуваме само јаглен и мазут за производство на струја со кои ќе го зголемиме производството во грејната сезона, порача денеска генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски.

Во моментов, потенцира, има производство на електрична енергија од два блока во РЕК Битола, еден котел во ТЕЦ Неготино, хидропроизводство, производство на енергија од ветер и од сонце со што целосно се задоволуваат потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи, а ноќните вишоци од околу 50 мегавати се продаваат на слободниот пазар по берзански цени.

Нагласи дека во првите седум месеци од годинава ЕСМ произведе 2.194 гигават часови електрична енергија или за 15 проценти повеќе од истиот период лани кога беа произведени  1.914 гигават часови, а целиот план за производство на електрична енергија за 2022 година е направен со 20 процентно зголемување во однос на лани.

-Зголеменото производство годинава се должи, пред се, на зголемувањето на производството на термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј за 40 проценти, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата и додаде дека кај хидроелектраните има значајна заштеда на вода и намалување на производството за 25 проценти во споредба со првите седум месеци  лани.

Планот за производство, како што посочи, се реализира преку зголемување на ископот на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, како и со зголемен увоз на јаглен за термоелектраните во Битола и во Осломеј од соседните земји.

-Залихата на депонија во овој момент изнесува околу 100 илјади тони јаглен, а месечно се  набавува и по околу 50 илјади тони за зголемување на калоричноста на нашиот јаглен. Досега се набавени 550 илјади тони за РЕК Битола, а во тек е отворана набавка за уште 600 илјади тони. Во Живојно, пак, во тек се завршни активности околу документацијата и се прават технолошки активности и последни подготовки за отпочнување со експлоатација до крајот на годинава, посочи Ковачевски.

ТЕЦ Неготино, како што кажа, работи со еден котел согласно потребите на ЕСМ, а  се прават залихи од мазут за да се вклучи и вториот котел кога ќе има потреба. Во РЕК Осломеј се реализираат ремонтни активности за да биде подготвен за грејната сезона. Воедно се врши и набавка на јаглен за неговите потреби.

Next Post

Арафат Муареми се повлече од функцијата директорот на Управата за финансиска полиција

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk