Во непосредна близина на автопатот Миладиновци-Штип ќе бидат пошумени 10 хектари слободна површина, како дел од кампањата „Пошумуваме заедно за позелено утре“, проект на „ДМ-Дрогерие маркт“ во соработка со ЈП „Национални шуми“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за образование и наука и Факултетот за шумарство.
Локацијата е одбрана во заедничка соработка со стручните лица од ЈП „Национални шуми“ и Факултетот за шумарство.
Се работи за огромен простор во кој ќе бидат засадени 10.000 багреми и 17.000 чемпреси. Дел од донацијата е наменета за опрема, што Претпријатието ќе ги употребува понатаму. Ќе добиеме десет дупчалки за земја, сврдли и акумулатори и батерии за полнење на истите, соопшти директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски на денешната прес-конференција.
Груевски соопшти дека се работи за најголема донација што ЈП „Национални шуми“ ја има добиено, во вредност од еден милион денари.