ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бугарското МНР ја поздравува работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања

August 18, 2022 18:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, портпаролот и заменик-министер за надворешни работи, Костадин Коџабашев, изјави дека ја поздравуваат работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и ја охрабруваат да продолжи уште поинтензивно во напорите за што побрзо завршување на работата по сите периоди од заедничката историја, јавува дописникот на МИА од Софија.

Заменик министерот Коџабашев истакна дека со Протоколот потпишан во 2019 година, владите на Бугарија и на Република Северна Македонија практично ги прифатија предлозите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на следните личности од заедничка историја на двете земји: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил, како и општите принципи и белешки за содржината на учебниците за 5 клас во Бугарија и 6 одделение во Република Северна Македонија поврзани со праисторијата и античката историја.

Во согласност со Протоколот од 17 јули, пак, договорено е Бугарија и Северна Македонија да го објават Протоколот од 2019 година со сите негови анекси во рок од еден месец, потсети портпаролот на бугарското МНР. Објавувањето на предлозите за 2019 година, одобрени од владите на двете земји, посочува тој, е многу важен чекор кон запознавање на јавноста и во Бугарија и во Република Северна Македонија со резултатите од работата на Заедничката комисија.

Според бугарското дипломатско одделение, ова ја создава потребната основа за да се продолжи со имплементација на уште еден важен договор од Протоколот според чл. 12 од 17 јули координација на календар на заеднички чествувања за периодот 2022 – 2023 година на петте заеднички историски личности, додава Коџабашев.

-Во Протоколот од средбата на 17 јули, бугарската и македонската страна договорија механизам со конкретни рокови за објавување на сите идни резултати и препораки од активностите на Комисијата. Двете страни се обврзаа да го имплементираат овој механизам со добра волја, како и сите други одредби што се однесуваат на протоколите од 2019 и од 2022 година, заклучи Коџабашев.

Next Post

Железница Инфраструктура и ИНФРАКОС ќе аплицираат за грант од 700.000 евра за прекугранична соработка

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

MENU
ПРВА ЛИНИЈА
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ