Министерството за одбрана на Финска соопшти дека два руски борбени авиони „Миг-31“ навлегле во финскиот воздушен простор во близина на крајбрежниот град Порво. Упадот во финскиот воздушен простор се случил околу 6:40 часот вчера утрото, а авионите летале во насока запад.
Авионите навлегле во финскиот воздушен простор на длабочина од еден километар, појасни портпаролот на Министерството Кристијан Вакури.