ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Русковска поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија, со жалбата вели дека ги побива наводите во решението

August 19, 2022 13:25
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителката Вилма Русковска денеска напладне поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението.

Ова не го сметам за суспензија на Вилма Русковска, туку за суспензија на правото и суспендирање на правдата. Без разлика што имаше соопштение дека предметите ќе продолжат со несмален интензитет после ова мене што ми се случи не верувам дека кој било колега сериозно ќе продолжи да постапува по истите, изјави Русковска.

Русковска, не кажа што навела во жалбата, и рече дека најпрво треба членовите на Советот да ја видат жалбата и да бидат запознаени со истата, а потоа и јавноста.

Прашана што ќе биде со предметот за кој беше извршен претресот во Управата за финансиска полиција, Русковска, рече дека не знае, и нагласи дека веќе почнала со сослушување на сведоци, но поради суспензијата тие морало да се одложат.

Во решението за моја суспензија е наведено дека предметите треба да ги предадам на колешката која е одредена согласно годишниот распоред, истата од 15-ти се наоѓа на годишен одмор и предметите не можев да ги распределам. А таа не може да ги работи бидејќи и против нејзе има дисциплинска постапка, изјави Русковска.

За тоа до какви докази дошле со претресот во Управата за финансиска полиција, Русковска рече дека, не им биле доставени сите документите кои ги барале.

Не дојдовме до докази зашто ние со претресот ги набројавме точно кои предмети треба да ни бидат доставени. Се работи за околу 250 – 300 предмети од кои ни беа доставени 30-тина, повеќето од кои воопшто не ги баравме. Сè уште нема доставено скоро ниту еден предмет од тие кои ги имаме побарано, изјави Русковска.

Според законот за кривична постапка, таа посочи дека, имаат право да бараат казнување на институцијата и казнување на одговорното лице и најави дека тоа и ќе го сторат.

За предлогот за поведување дисциплинска постапка против неа, Русковска рече дека од Комисијата се уште не и било побарано да се произнесе и посочи дека таа постапка трае подолго.

Русковска, нагласи дека ниту јавниот обвинител на РСМ, ниту јавните обвинителства можат да даваат насоки и укажувања по конкретен предмет.

Од страна на ЈОРСМ не се вршеше надзор врз целокупната моја работа или на колешките, туку надзор исклучиво по овој предмет и по овој предмет ние добивме укажувања и сметам дека апсолутно е спротивен на законот. Законот е таков каков што е и мораме таков да го применуваме. Ако излеземе од рамките на кој било закон се создава многу лоша пракса, и сметам дека овој член и став се донесени исклучиво да се обезбеди професионално постапување на кој било јавен обвинител, изјави Русковска.

Прашана дали добила поддршка од колегите, Русковска, рече дека добила понуди за помош, но и поддршка од повеќе колеги обвинители од регионот, но и судии и адвокати од земјава.

Во однос на тоа дали се чувствува безбедно, и дали има закани по живот, Русковска рече дека нема закани сега за сега, што не значи дека може и да нема.

За претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција, директорот Арафат Муареми на 8 август годинава поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување.

Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што информираа од ЈОРСМ, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

July 9, 2025

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово

July 9, 2025

Tруење со храна на 38 работници во прилепска фабрика, Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk