ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Социјалната услуга помош и нега во домот успешно имплементирана во Општина Чучер Сандево

August 22, 2022 16:49
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ денеска беа во посета на корисници на  услугата помош и нега во домот во Општина Чучер Сандево.

Преку оваа услуга лицата на возраст од над 65 години кои не се во можност целосно самостојно да се грижат за себе добиваат помош и асистенција од лиценцирани негуватели во извршувањето на секојдневните животни активности.

Социјалната услуга помош и нега во домот е финансирана од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка од Светска банка, а е дел од сеопфатната социјална реформа во земјава.

„Темелот на Министерството за труд и социјална политика е грижата за најранливите категории граѓани, за децата, за старите лица, за лицата со попреченост, кои се наши сограѓани. Сите ние имаме роднини, родители, соседи кои имаат потреба од услугите кои се дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој е во функција на поддршка на социјалната реформа. Со социјалната реформа, државата го стави фокусот на поединецот, на потребите на секој еден од нас и на развојот на човечкиот капитал. Изградивме систем во чиј центар е поединецот, а резултатите од тој систем се веќе видливи и не се повеќе идно, туку сегашно време, а во сегашното време за резултатите најдобро говорат лицата на задоволните корисници“, рече министерката Тренчевска.

Во Општина Чучер Сандево услугата помош и нега воведена во јули минатата година, ја испорачува  лиценцираниот давател на овие услуги, граѓанското здружение „Адра“.

„Согледувајќи ги потребите на своите повозрасни сограѓани, Општината аплицираше за оваа услуга која засега се спроведува кон осум корисници на нашата територија. Услугата е бесплатна и подразбира помош од страна на лиценциран негувател во домот на корисникот. Благодарност до министерството и целиот тим којшто ни овозможи да воведеме ваква значајна услуга за старите лица. Преку неа тие знаат дека државата и Општината не ги заборавиле“, изјави градоначалникот на Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ.

Покрај придобивките за директните корисници, од МТСП истакнуваат дека спроведувањето на новите социјални услуги отвора можности за нови вработувања кај давателите на услуги и тоа токму на лица од социјално ранливите категории на граѓани. Дополнително, преку нив се зголемува достапноста на социјалните услуги на локално ниво и во руралните средини.

Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика засега поддржани се вкупно 22 проекти во 27 општини. Најголем дел од овие проекти (16) се наменети за помош и нега на стари лица во домот, три се дневни центри за деца со попреченост, а по еден проект се за помош на стари лица во дневен центар, за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина и за услуги за советување.  За давање на услугите засега се обучени 300 лица, а се очекува да бидат опфатени повеќе од 1100 корисници.

Во тек е реализацијата на вториот јавен повик со кој Министерството ги покани општините, во партнерство со даватели на социјални услуги, да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво.

Next Post

Воодушевувачка нова фотографија од телескопот Џејмс Веб покажува чудна спирална галаксија

НАЈНОВО

Зголемување на цените на горивата од полноќ

October 27, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk