ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: Рударите се бесценет човечки ресурс, заедно ќе се справиме со досега најголемата енергетска криза

August 26, 2022 16:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Рударарите се наш бесценет човечки ресурс, рече министерот за економија Крешник Бектеши на денешното одбележување на Денот на рударите во РЕК Битола.

Според министерот Бектеши, рударството е основна гранка за индустриски развој на државата, а следејќи ги актуелните случувања во светот, оваа индустрија ќе стане основен фактор за опстанок и развој.

Северна Македонија има непроценливо природно богатство и затоа треба да се даде посебно внимание и да се грижиме за сите наоѓалишта на минерални суровини. Во изминатиот период се соочивме со сериозни предизвици во овој сектор, особено од аспект на заштита на животната средина и тоа резултираше со законски измени со кои значително се зајакнува контролата над работата на концесионерите, истакна Бектеши.

Во Рударско – енергетскиот комбинат РЕК Битола во пресрет на Денот на рударите, министерот Бектеши нагласи дека благодарение на рударите, на вработените во АД ЕСМ, претходната зима беше успешна и без проблеми, а и годинава се подготвени да ги исполнат барањата и потребите на потрошувачите.

Тоа што го прават рударите е херојска работа затоа што со големи напори и со голем труд го зголемуваат производството. Го охрабрувам раководството на АД ЕСМ да продолжи со подобрување на условите за работа на рударите што и во моментов се прави за да заедно се справиме со најголемата енергетска криза во последната деценија. Во соседството ќе имало рестрикции, има рестрикции, најавуваат рестрикции, но јас сум убеден дека со чесна работа, со трудот на рударите, сите заедно ќе ја пребродиме оваа енергетска криза, истакна Бектеши.

АД ЕСМ се подготвени и за претстојната зимска сезона затоа што вработените вложуваат максимални напори системот да работи со целосна снага и да биде функционален, рече генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, на свеченоста во РЕК Битола.

Јагленот е основата на производството на електрична енергија од АД ЕСМ и значењето на рударите за нашиот систем дојде до целосен израз во условите на енергетската криза, кога се води засилен процес што повеќе јаглен да се ископа и истиот да се донесе до термоелектраната, каде вработените вложуваат максимални напори системот да работи со целосна снага и да се држи функционален. Изминатата грејна сезона покажа дека со силен ангажман на сите, почнувајќи од вработените, раководителите, директорите, менаџментот, сите заедно, можеме да ги пребродиме сите кризи. Една грејна сезона успешно е зад нас, но следува уште една, нова, потешка, по сите предвидувања можеби најтешка во последните 70 години во Европа. Мораме да работиме уште попосветено и уште посилно, нашиот влог во оваа криза е влог за себе, но и влог за сите граѓани. Трудот и пожртвуваноста на нашите вработени се забележани од сите, но и од државните институции, и од граѓаните, порача генералниот директор Ковачевски.

Во пресрет на Денот на рударите, првиот човек на АД ЕСМ потсети на активностите на менаџментот во функција на подобрување на условите за работа.

Набавена е нова сопствена механизација за ископи во вредност од над 20 милиони евра, нови шест еко автобуси за превоз на работниците во вредност од околу 2 милиони евра, нови возила за превоз на работниците низ рудникот од над 600 илјади евра, и многу, многу други работи. Овие набавки, оваа механизација, овие возила, од кои дел гледаме овде, покрај економска и технолошка вредност, имаат вредност и за условите за работа и за грижата за нашите работници. РЕК Битола останува основата на електро-енергетскиот систем на нашата држава, рече Ковачевски.

Тој додаде дека цел на компанија е во иднина повеќе да вложуваме и тоа и го правиме: и во постоечките, но и во нови производни капацитети.

Вложуваме и ќе вложуваме во обновливи извори на енергија, што е согласно со државната енергетска стратегија, но вложуваме и во одржување на другите електрани, посебно во РЕК Битола, од причини што  без енергија од термоелектрани е невозможно да се одржи стабилен и сигурен енергетски систем. Се додека тука не ја изградиме гасната електрана која треба да замени два блока од термоелектраната и додека не го изградиме Чебрен, ние мора да се потпираме на РЕК Битола и, секако, и на РЕК Осломеј, истакна Ковачевски.

Од АД ЕСМ информираа дека во тек е процес за изградба на фотонапонски електроцентрали во РЕК Битола со снага од 280 MW, кои ќе заменат еден блок од термоелектраната, и ќе произведуваат зелена енергија.

Next Post

Ждрепка за Лига Европа: Тричковски со АЕК против Динамо Кијив и Фенербахче, Барди со Трабзон во група со Ц. звезда

НАЈНОВО

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

October 24, 2025

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk