ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Ако продолжи собраниската блокада за изборот на амбасадори, ќе бараме алтернативни решенија

August 27, 2022 12:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на консултации во Собранието и со опозицијата за изборот на амбасадори не е законски задолжителен, туку тоа е повеќе добра волја да се покаже инклузивност, односно вклучување на Парламентот и ние инсистираме на тоа, затоа што не сакаме една добра пракса да ја уништиме, но доколку продолжи блокирањето преку незакажување на седницата на собраниската Комисија за надворешни работи, ќе се бараат алтернативни решенија, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, пренесува МИА.

Тој на денешната прес-конференција, на која го презентираше сработеното на Министерството во изминатите две години, рече дека разговарал со претседателот Стево Пендароски и дека очекува шефот на државата да преземе одредени чекори со цел изнаоѓање оптимално решение.

Османи истакна дека со блокирањето на процесот од страна на претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонио Милошоски, не само што се блокира нормалното функционирање на надворешната политика на земјава, туку се јавува проблем и по други прашања.

Не само што се блокира нормалното функционирањето на надворешната политика, не само што остануваат празни нашите амбасади, не само што даваме лоша порака на граѓаните што не праќаме амбасадор… Не можеме 8 септември да го одбележиме во дипломатските конзуларни претставништва, да имаме мал прием, бидејќи амбасадорите не можат да го организираат тој прием во чест на празникот. Има и практични причини, почнува школската година, амбасадорите треба да ги запишат децата во училиштата во државите во кои одат, не можат да ги запишат, ќе треба децата да изгубат од наставата. Има од политички до практични и човечки причини, а нема аргументи, истакна министерот.

Тој рече дека изборот на амбасадори е еден од најконтролираните процеси и дека има простор да бидат поднесени забелешки за нивниот избор, но дека ваквиот начин на блокирање е „некоректен“.

Во услови на избрани амбасадори кои ги поминале сите фази на нивни избор, последното соочување се блокира од апсолутно непринципиелни причини, од хирови, од некои партиски агендии. Викнете ги, интервјуирајте ги. Ако имате забелешки кажете ги, но да бојкотирате само поради партиски наредби или да и наштетите на Владата е нечесно и некоректно и кон луѓето и кон државата, оцени Османи.

Тој соопшти дека се блокирани именувањата на амбасадори во Софија, за која оцени дека е од особена важност во овој период, потоа во Отава, Брисел, Осло и Париз.

Во однос на актуелните тврдења на претставници од македонската заедница во Албанија дека се соочуваат со притисоци да се попишат како Бугари на претстојниот попис закажан во октомври, министерот Османи информира дека во текот на утрешниот ден ќе ги посети Пустец, Џепиште и Требиште.

Јас веќе имав комуникација со нив и се договоривме утре јас ќе ги посетам и Пустец, Џепиште и Требиште, каде исто така живее македонско национално малцинство во Албанија. Ќе ги посетам и општините и училиштето и ќе имам комуникација со граѓаните и нивното здружение во текот на целиот утрешен ден за да ги слушнам нивните забелешки и да видиме што можеме ние да помогнеме во комуникација со Република Албанија, изјави Османи.

Next Post

Малолетник загина во Саса при излетување на трактор од патот

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk