ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Русија го блокираше нуклеарниот договор на ОН поради клаузулата за Запорожје

August 27, 2022 14:35
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
energy.gov

energy.gov

Русија го блокираше договорот на Обединетите нации (ОН) кој имаше за цел да го зајакне постоечкиот договор за неширење нуклеарно оружје, откако Москва се спротивстави на клаузулата за контрола над електраната Запорожје во Украина. Неуспехот да се согласи на заедничка изјава по четиринеделната дебата и преговори помеѓу 151 земја на ОН во Њујорк е последниот удар за надежите за одржување на режимот за контрола на вооружувањето и задржување на ‘капакот’ на повторно разгорената трка во вооружување, јави „Гардијан“.

Завршната седница беше одложена за повеќе од четири часа поради руското одбивање да се согласи со долга изјава за поддршка на Договорот за неширење нуклеарно оружје, кој вклучуваше и клаузула за нуклеарната централа Запорожје, која е окупирана од руските сили блиску до линијата на фронтот во југоисточниот дел на Украина.

Во четвртокот централата беше привремено исклучена од украинската електрична мрежа, но врската на напојување потоа беше обновена. Руските сили, наводно, планираат трајно да ја прекинат централата од мрежата, што ја зголемува загриженоста од можна катастрофа.

Руската делегација била единствена против договорениот текст, а за распадот на конференцијата ја обвини Украина и нејзините „заштитници“, нарекувајќи ги договорите „еднострана игра“.

Договорот за неширење нуклеарно оружје беше склучен во 1968 година и со него државите кои поседуваат нуклеарно оружје ветија дека ќе се разоружат, додека државите без нуклеарно оружје ветија дека нема да го набават. Во тој период постоеле пет признати нуклеарни сили, додека денес нуклеарни боеви глави поседуваат девет држави.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во централата Запорожје и понатаму е многу ризична, откако два од шесте нејзини реактори беа повторно приклучени на мрежата по гранатирањето што предизвика најголемата нуклеарна централа во Европа да биде исклучена за првпат во нејзината историја.

Според „Волстрит Журнал“, тим инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија се подготвени да направат итна посета на централата во Запорожје следната недела.

Во меѓувреме, Унгарија издаде дозвола која ќе овозможи изградба на два нови нуклеарни реактори на нејзина територија од страна на руската државна компанија Росатом, пренесе „Радио Слободна Европа“. Дозволата го отвора патот за проширување на нукеларната централа во јужниот град Пакс од четири на шест реактори. Проектот се очекува да чини околу 12,4 милијарди долари.

Next Post

ЕСМ продава ноќни вишоци на аукција, цените ги формира побарувачката во конкретниот период

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk