ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нацијата се темели на заборав и на грешка

August 28, 2022 10:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Заборавот и грешката се темелен фактор во создавањето на нацијата, затоа, напредокот на историските студии често е погибелен за националниот идентитет.

Кој е авторот на оваа впечатлива мисла.

Некој од ману?

Или од уким?

Не, другари, Ернест Ренан е автор на оваа откритие.

На оваа фантастична исповрзаност на заборавот, грешката, нацијата, создавањето, историските студии и судбината на идентитетот.

Нас нѐ интересира што се случува кога на нацијата ќе ѝ ја откријат грешката.

Кога нацијата не е во состојба да го спречи напредокот на историските студии.

Сеедно дали тој напредок се случува од научни или, можеби, од политички побуди.

Во неа или надвор од неа.

Што се случува кога пред неа ќе се исправат други приоритети.

Кои им конкурираат на заборавот и на тајната на грешката.

Кои се, можеби, и во колизија.

Може ли нацијата да умре ако се разбуди и со ококорени очи ја открие тајната на своето постоење?

Односно на себе.

Кога времето и односот на силите фрлаат нова светлина врз некои основи на нејзиното саморазбирање и кога таа, просто, не може да продолжи да спие и да верува дека грешката на која се темели не е грешка или не е работа за која кој било друг има право да се интересира.

Да се меша во нејзините работи.

Јас верувам дека одговорна нација оди во пресрет на историските студии кои напредуваат, односно во пресрет на тајните на своето постоење и на своето раѓање.

За да може да продолжи да живее.

Инаку, главата може да ја пика под јорганот колку сака.

Ако голиот газ ѝ е надвор, сѐ е џабе.

Тука викам на помош уште еден пријател.

Кој вели вака:

„Не можете да го исправите фактот дека некои се во право поради погрешни причини… стравот од откривањето на самиот себе во лошо друштво не е израз на политичката чистоќа – тоа е израз на недоволната самодоверба.“

Во нашиот контекст, оваа мисла на Артур Кестлер јас ја гледам вака: ако причините кои ја натераа Северна Македонија да интервенира во елементите на своето саморазбирање ги сметаме за погрешни од аспект на класичното македонство, сеедно дали ги формулираа во Софија, Атина или во Брисел, тоа нема да може да го исправи фактот дека луѓето кои се осмелија тоа да го прифатат, од Заев и Ковачевски, во едно време и Димитров, Бујар Османи и Али Ахмети како и мнозинството во Собранието на чело со Талат Џафери, беа во право кога се согласија со една таква работа.

И дека луѓето кои се плашат да бидат во нивно, односно, се осмелувам да кажам, во наше друштво, тоа не го прават поради некаква политичка чистоќа, демек тие ќе си бидат Македонци, а ние ќе бидеме предавници, туку поради недостиг на самодоверба.

Јас им препорачувам да обрнат внимание на самодовербата повеќе отколку на политичката чистоќа, зашто ако инсистираат на хигиената, јас можам на долго и на широко аргументирано да изложувам тука колку се тие валкани, нечисти и, дури, смрдливи, а јас и моето друштво пресно излезени од кадата со млеко.

Како Дита фон Тисе.

Дали се разбираме?

Така што, елате драги пријатели, да ја завршиме оваа работа.

Да купиме уште сто години историско време.

Ако не и повеќе.

Пјер Куртрад во една прилика му рекол на Едгар Морен: Имав право да бидам во криво додека вие и на вас слични бевте во криво верувајќи дека сте во право.

Имаме луѓе кои влечат напред.

Преземаат ризици и одговорности.

И право понекогаш и да грешат.

Тоа е дел од играта.

Тоа е реалноста.

Но, навистина е неподносливо општеството да трпи субјекти кои се нон-стоп во криво, а веруваат дека се во право. Или, уште пострашно: Тие се однесуваат така затоа што знаат дека се во криво во однос на општите интереси, а се во право во однос на нивните интереси.

Понекогаш ми се чини, интереси кои не се нивни, тие за таа работа се свесни или не се свесни, сеедно, туку се интереси на тие што ги рентираат да серат и да ја усмрдуваат Македонија.

Мислам на вмро-дпмне и на тие што ги привлекува таа црна дупка.

И уште нешто во врска со темава.

„Општеството како феномен не постои. Постојат поедини мажи и жени, и постојат фамилии.“

Маргарет Тачер денес би им рекла на нашите луѓе: А, бе, каков народ, нема таква работа, имате слободен пазар и слободна борба во македонско-европски стил, ако во таа борба остварите успех и решите некои вишоци да ги споделите и од нив да направите национален интерес, океј, ако не тогаш ништо.

Хахаха!

Знаете ли вие, патриоти и патриотки, во каков однос е вашата интерпретација на националните интереси со можностите и шансите на некои мажи и жени и на нивните семејства, да успеат во животот?

Знаете ли дека ги давите?

И метафорички и буквално.

Дека им ги уништувате животите?

Вие и вашите национални интереси.

Европа, драги мои, не е филозофија на историјата – Европа е единствена филозофија на историјата и да се откажеме од неа би значело да ископаме гроб на разумот во историјата.

Може ли ова парафраза на Мерло-Понти да ни помогне?

Ама, ќе речат патриотите, ние не се откажуваме од Европа, ние само сакаме Европа да нѐ разбере и да нѐ прими вакви какви што сме.

Курац фини што ќе ве прими вакви какви што сте, а и курац фини дека вие не се откажувате од Европа, не, другари, вие само се залажувате, а ги залажувате и луѓето.

Тоа е.

Ајт сега на септемвриско востание против слободата и постоењето.

Да му ископате гроб на разумот, што би рекол Морис.

Јас и мојата чета ќе држиме позиција во “Кофи фектори”.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година, економијата на Србија најмногу успори во регионот

July 26, 2025

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

July 26, 2025
Скриншот

Норис ја обезбеди пол-позицијата на белгиското Гран при

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk