ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Врачени највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата

August 29, 2022 09:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Кенсаку Таникава, син на лауреатот на 61. издание на Струшките вечери на поезијата, јапонскиот поет Шунтаро Таникава во име на својот татко вчера на Мостот на поезијата во Струга го прими највисокото фестивалско признание „Златен венец“.

Во рамки на свеченоста наградата „Златен венец“ му беше врачена и на лауреатот од 2020 година, израелскиот поет Амир Ор.

На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски и „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант на италијанскиот поет Џерардо Мазучо.

Покрај добитниците на наградите, на поетскиот митинг поезија читаа и поети од разни страни на светот, правејќи ја Струга по 61-ви пат престолнина на поезијата.

Годинашното издание на Струшките вечери на поезијата, според директорот на Фестивалот Тодорче Тасевски, по две изданија во услови на пандемија, се врати во препознатливиот формат.

 Можам да кажам дека сум задоволен од изданието. Понудивме еден нов и смел концепт на свеченото отворање и затворање, авторска преработка на Т`га за југ од страна на „Пијан славеј“. Режијата на настаните беше на Зоја Бузалковска, сценографијата на ОТП студио, а дизајнот на плакатот на струшкиот уметник Енкел Дика, изјави Тасевски за МИА.

Во знакот на годинашното мото „Ритамот на стихот, ритам на животот“, додаде тој, СВП издаде антологија „Музика, секогаш и уште (поезијата во дијалог со музиката)“, која ја нагласила врската меѓу поезијата и музиката.

Физичкото отсуство на Шунтаро Таникава, кој заради возраста не беше физички присутен, беше премостено со присуството на неговиот син, истакнатиот јапонски композитор и пијанист, Кенсаку Таникава, кој го прими „Златниот венец“ во име на неговиот татко, а во рамки на портретот на лауреатот во црквата „Света Софија“, одржа импресивен музички настап, истакна Тасевски.

Манифестацијата почна во четвртокот со традиционално палење на фестивалскиот оган и поетското читање „Меридијани“. Во рамките на Струшките вечери на поезијата денеска ќе се одржи меѓународно поетско читање на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Подготвен „Национален план“ за стабилно снабдување со храна од домашни извори и во соработка со партнерите од „Отворен Балкан“

НАЈНОВО

Шукова: Проблемот со водата во Скопје мора системски да се реши, не со привремени зафати

October 15, 2025

Мисајловски на состанок на НАТО, поддршка за зајакнување на Алијансата и стабилност на Западен Балкан

October 15, 2025

Меџити: Го остваривме ветувањето кон жителите на Батинци, започна изградбата на оградата околу депонијата „Дрисла“

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk