ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Подготвен „Национален план“ за стабилно снабдување со храна од домашни извори и во соработка со партнерите од „Отворен Балкан“

August 29, 2022 10:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред почетокот на заедничкиот самит на храна и вино што во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе се одржи во Белград од 1 до 4 септември, Северна Македонија продолжува со интензивирање на домашната агенда со која се стимулираат националните капацитети за производство на храна, промовирање на македонската традиција и намалување на увозната зависност.

Премиерот Ковачевски вчера по пуштањето во употреба на системот за наводнување „Славишко поле“ во Општина Ранковце потсети дека Владата донесе „Национален план за производство на храна“, кој содржи конкретни мерки за поддршка на земјоделскиот сектор во време на криза и тој веќе се реализира.

– Тоа се мерки за зголемено производство на домашна храна, за увозна независност, мерки со кои ги поттикнуваме земјоделците максимално да ги искористат сите ресурси, секоја педа обработливо земјоделско земјиште, за да произведат повеќе, рече Ковачевски.

„Националниот план за производство на храна“ предвидува одржливо и зголемено производство на домашна храна, но и увозна независност, за чија цел со усвоениот ребаланс на Буџетот одвоени се дополнителни 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна.

Од Владата посочуваат дека веќе е зголемено производството на пченица, пченка, јачмен и увозот кај сите култури е намален.

– Доделени се над 20 000 хектари земјоделско земјиште за производство на стратешките производи низ неколку јавни наддавања каде што земјоделците покажаа голем интерес, а притоа зголемени се и субвенциите за вештачките ѓубрива, со што земјоделците имаат помали трошоци, потсетуваат од Владата.

Од таму додаваат дека заедно со Министерството за земјоделство будно се следи ситуацијата, а во рамки на „Отворен Балкан“ оформена е и кризна група, која ги анализа состојбите во трите држави вклучени во иницијативата – Северна Македонија, Албанија и Србија и според чии проценки тие меѓусебно можат да си ги обезбедат евентуалните недостатоци од храна.

Во исто време, се работи и на силна регионална промоција на македонските вина, храна и туризам, а прв следен чекор во тој правец ќе биде направен на Првиот меѓународен саем на Отворен Балкан во Белград.

На Саемот на храна, вино и туризам на Отворен Балкан во Белград од земјава ќе учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии, кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии. На Саемот ќе се претстават и повеќе од 10 производители на храна од Северна Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна. Истовремено, стотици илјади очекувани посетители на Саемот ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

July 3, 2025

Штрајк на котнролорите на летање во Париз, воздушниот сообраќај намален за 40 проценти

July 3, 2025
Скриншот

Патнички брод потона кај Бали, четворица загинати, 38 исчезнати

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk