ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Колку пати ќе умира Волтер?

Ако некакво „мислење” фрлено на јавната сцена ги измрзлавува и ги заглупавува луѓето за проценување, истражување, консеквентно МИСЛЕЊЕ во смисла процесирање, разбирање и барем обид за решавање, или ги тера да се вртат во маѓосан круг во главата или, пак, дури и отворено им промовира дезинформација преку некаков авторитет, тогаш тоа не е мислење. Тоа е манипулација. Тоа во принцип и е напишано и во конвенцијата за човекови права, кај слобода на говорот.

August 30, 2022 08:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Емилија Целакоска

Емилија Целакоска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

„Мислете вие самите и оставете ги и другите да уживаат во таа привилегија”, e оригиналниот запис на Волтер, кој подоцна е драматично парафразиран од биографистот како: „Не се согласувам со вашите зборови, но до смрт ќе го бранам вашето право да ги искажете”.

Прилична разлика меѓу двете искажувања. Вторава е навистина сомнителна за мислител и затоа лесно ја најдов оригиналната, оти и некој друг се посомневал пред мене. А токму второво им е страшно погодно на пропагандните медиуми да си релативизираат за што и да е, под маската на слободен говор. Целта на маскирањето во Волтер е назадување на мислата, врвно оружје на денешницата, за сами да тргнете против себе. Кога отворено ќе се каже, напише или спомене Волтер, макар и без умирачкиот дел, тоа е своевиден аларм – бидете претпазливи, на патот може да има штетна пропаганда.

Примената на лажното „волтеровство” оди со лажен баланс вештачки наречен „дебата”, потоа со директен дисбаланс, пак вештачки наречен „дебата” и, секако, расипување на значењето на зборот „мислење”. Јадрото на оригиналната изрека на Волтер: Мислење.

Треба ли многу ум за да се согледа однапред дека од такви мачканици не излегува вредност, ниту вистина. За жал, во оваа мрежа од менување на значењата на поимите, а со тоа и на практиките, влетуваат и новинари желни за вистинска дебата, но без алатки, ненаоружани со цврста логика, темелни познавања на формалните и неформалните недоследности и алгоритамската природа на процедурите. Сѐ што прават е како пеперутки во оган, цементирање на погрешната „волтеровска” процедура: „Не се согласуваме, ама објавуваме”. Без мислење. Без рецензија.

Се запрашале ли дали Волтер би умирал така машки за мислења кои се очигледно неточни тврдења или софизми, или уште пострашно, позитивни мислења за злосторства против човештвото, или, пак, Волтер би ги парчосал на најситни делчиња со не претерано многу аргументи? Јас мислам второво.

Во погрешната „волтеровска” изјава има и обесхрабрувачки елементи на барем две нивоа.

Прво, иако изгледа навидум чудно, но пропагандата го менува умот, некој може при срце да го прими ова со умирањето за слобода на говор и да се почувствува неадекватен слободно да говори самиот или дури и да одбива да слушне слободен говор, со не сосем свесни трагови од егзистенцијална несигурност, да не случајно некогаш дојде момент да треба тој да го брани тоа со животот.Затоа, радо ќе слуша „слободен говор“ од посредник, медиум/новинар, а всушност пропагандист кој се чука в гради со „волтеровски манири”, бидејќи, ете, тој се изјаснил дека тој ќе умира бранејќи мислења. На несигурниот ќе му олесни и ќе ја предаде во туѓите раце и моќта да мисли, раце „избрани” за да бранат…

Така, пропагандниот медиум е ослободен да биде прост подиум на оние кои не презентираат мислење (а нивната презентација ќе биде наречена мислење), туку иритираат точно одредени емоции во конкретното време и околности, согласно пропагандните цели, за конзументите на упредвидливо одреден начин да реагираат. Контрола на рефлексите, смрзнување на умот.

На пример, голо националистичко пишување без трунка мисла, идеја за реално решавање на албанското прашање, како на Ј. Куноска е објавено во Плусинфо, на пример, и самиот текст е иритирана, но и заразно иритантна, рефлексна реакција на текст на М. Биљали напишан во друг медиум. А потоа, реакцијата, реално мислење/оценка на Хелсиншкиот Комитет, очигледно базирана на членот 10 став 2 од Европската конвенција за човекови права, уредникот ја објавува, но со пропратно чудење и други изрази на сместување на мислењето на Хелсиншкиот некаде на полица со помала вредност и дополнително, потенцирање на „волтеровството“ во облик на пропусница за мислењето на Хелсиншкиот комитет. Без размислување да се замрзне умот и да не се размислува, тоест. А што ако Биљали помага, што точно кажува човекот? Сфатил ли некој? Кој не сфатил, да си согледа дека со продолжување на непаметност, слепост во национализмот, може, во најдобар случај, да се „шлепаме” на Албанците, па и на Албанија за ЕУ. Не ни требала ЕУ? Мислење, да се мисли, вели Волтер.

Второ, од самата идеја дека секој може сѐ да каже, следува дека сите тврдења имаат иста важност и моќ. Некои од конзументите на пропагандата ќе си го применат тоа преку индиферентност кон истражување на реалната ситуација или со папагалско повторување на туѓи зборови за што и да е. Принцип на помала енергија. Па што е битно спротивното. Има ли воопшто спротивно, ќе рече. Потоа, кога „волтеровецот” ќе му го сервира и спротивното, неугледно згужвано и натоварено со што и да е потребно за целта на пропагандата, конзументот се нервира што му се руши комоцијата и сака второво мислење да исчезне од Универзумот, по можност. Нели згодно?

Но, од мислата на 20-тиот век научивме дека зборовите се важни и имаат моќ и дека поврзаноста меѓу моќта и знаењето е нераскинливо присутна и вистинска, дека зборовите не ги користиме само да го опишеме светот, туку буквално и да го конструираме. Со зборови ги конструираме врските меѓу луѓето, и меѓу работите и луѓето. Затоа, да не се преправаме дека сите зборови се исти. Ако некакво „мислење” фрлено на јавната сцена ги измрзлавува и ги заглупавува луѓето за проценување, истражување, консеквентно МИСЛЕЊЕ во смисла процесирање, разбирање и барем обид за решавање, или ги тера да се вртат во маѓосан круг во главата или, пак, дури и отворено им промовира дезинформација преку некаков авторитет, тогаш тоа не е мислење. Тоа е манипулација. Тоа во принцип и е напишано и во конвенцијата за човекови права, кај слобода на говорот.

Ако експлицитно уредникот на медиумот се оградува од мислењето на авторите кои ги објавува така што вели „Не се согласуваме, но објавуваме”, тогаш тоа е убивање на мислата, на рецензијата. Доколку само објавуваат секаква сваштарија што ќе им стигне, тогаш што се различни од софтверот со кој го прават прикачувањето на приказната во јавност? И во науката го имаме софтверот arXiv кој нема човечко уредништво за прифаќање/одбивање на статија. Но, објавувањето таму не е релевантно, единствено објавувањето на рецензирана статија од странски, стручни, најчесто за нас анонимно претставени рецензенти е објавување. Но, ако сме прикачиле текст на arXiv, доаѓаат моменти кога е потребно да го браниме напишаното. Секогаш имаме рецензија и не може да тропаме глупости.

Има и трета банална, смешна работа што човек може да ја види во неверната „волтеровска” изјава: Колку слободни мислења би одбранил Волтер, ако умре на првото мислење?! Волтер сигурно не кажал слобода (на говор) или смрт.

Но, денес Волтер би умирал од нашето убивање на цивилизациската придобивка – рецензијата. Кој новинар не ја разбира разликата со цензура, да си побара во речник и во старите учебници и да не ги меша поимите, затоа што така самиот си е изјаснува за пропаганден шарлатан, не за новинар.


Текстот е личен став на Авторката. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Разговарав со лидерите на Камбоџа и наТајланд, двете земји сакаат прекин на огнот

July 27, 2025

Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје

July 27, 2025

Брод со хуманитарна помош се приближува кон брегот на Газа

July 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

    Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СТРУШКИ ПРЕДИЗБОРНИ ОДГЛАСИ: Ќе има ли градот само еден кандидат за градоначалник?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk