Најмалку пет лица загинаа, седуммина се повредени во денешните руски бомбашки напади врз центарот на Харкив, во североисточниот дел на Украина, соопштија градоначалникот и регионалниот гувернер.
„Руските окупатори ја бомбардираа централната област на Харкив“, наведе гувернерот Олег Синегубов на Телеграм.
Градоначалникот на Харкив, Игор Терехов подоцна соопшти за петмина загинати и седуммина повредени.
Официјални лица апелираа жителите да останат во засолништа.