ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со помош на вештачка интелигенција Франција откри илјадници непријавени базени

August 30, 2022 18:05
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници непријавени приватни базени беа откриени во Франција со помош на вештачка интелигенција, што на француските даночни власти им донесе неочекувани приходи. Од откриените над 20.000 базени, властите собрале приходи во износ од околу 10 милиони евра, јавија француските медиуми, а пренесе „Би-би-си“.

Базените се предмет на повисоки даноци на имот бидејќи ја зголемуваат вредноста на самиот имот и според француските закони, мора да бидат пријавени.

За време на пробното тестирање во октомври минатата година, софтверот развиен од „Гугл“ и француската консултантска фирма „Капгемини“ ги забележал базените преку воздушни снимки направени низ девет региони во Франција. Даночните власти велат дека ваквата акција сега може да биде спроведена низ целата земја.

Во 2020 година биле регистрирани повеќе од 3,2 милиони приватни базени во Франција, по што за време на пандемијата бројот на инсталации на базени во дворовите пораснал. Според весникот „Ле Паризиен“, просечен базен од 30 квадратни метри се оданочува со околу 200 евра.

Властите сметаат дека истиот софтвер може да се користи и за пронаоѓање на непријавени градби и доградби на домови, дворови и летниковци, кои исто така играат улога во висината на даноците на имот.

Не се исклучува можноста во блиска иднина инсталирањето на нови базени во домовите низ Франција да биде забрането, поради тоа што во моментов земјата се справува со најлошата регистрирана суша која остави без вода за пиење повеќе од 100 општини. Властите велат дека крајната цел не е да се забранат базените, туку да се гарантираат виталните потреби за вода на населението.

Извор: МЕТА

Next Post

Мицкоски спинува за цената на струјата за граѓаните и за споредбата на цените во регионот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk