ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери – Рот: Посетата е поддршка на следните чекори на Собранието за да продолжат преговорите со ЕУ

August 31, 2022 12:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг Михаел Рот на денешната средба со преседателот на Парламентот Талат Џафери нагласил дека неговата посета се реализира како поддршка на следните чекори кои Собранието треба да ги преземе за непречен тек на процесот на преговори за членство во ЕУ.

Во соопштението од собраниската прес-служба се наведува дека изразувајќи целосно разбирање за фрустрациите и разочараноста од актуелните случувања, Рот потенцирал дека ЕУ нема право да се меша во јазичниот и културниот идентитет на Македонците и тоа мора да се почитува.

„Во однос на претстојните уставни измени за влегување во следната фаза од преговорите за членство во ЕУ, го искажа ставот дека треба да се исполнат преземените обврски и дека тоа нема да биде на штета на ниту еден Македонец или Македонка во земјата, а Германија ќе стои цврсто зад спроведувањето на ветувањата кон земјата дадени од Европската унија, за забрзување на евроинтеграцискиот пат кој не е само во корист на регионот, туку е во корист на сите земји членки на Унијата“, се посочува во соопштението од Собранието.

Претседателот на Собранието Џафери ја поздравил оваа посета на Рот во момент кога земјата треба да го започне процесот на скрининг како прва фаза од почетокот на преговорите за членство во ЕУ, после долг период на застој и блокади во изминатите децении.

Џафери го информирал германскиот пратеник за придонесот и обврските на земјата во НАТО, за доследното придржување до санкциите на ЕУ кон Руската Федерација и поддршката и помошта која се обезбедува за потребите на Украина.

Тој изразил особена благодарност за континуираната поддршка на Сојузна Република Германија во остварувањето на нашите стратешки цели, а истовремено се заблагодарил за одличната економска и билатерална соработка на повеќе основи меѓу двете земји и врските со дијаспората, кои заедно придонесуваат за понатамошно унапредување на меѓусебните односи. Во тој контекст, особено ја потенцирал соработката со Германскиот Бундестаг за независно собраниско обезбедување како еден од сегментите за осамостојување на Собранието.

Во соопштението се наведува и дека Рот ја пренел благодарноста на претседателката на Германскиот Бундестаг, Барбел Бас до претседателот на Собранието Џафери за неговото градење на мостови на поддршка во време на поларизација, економски предизвици и воена агресија и дека никој нема корист од ослабувањето на демократијата, бидејќи тоа оди на штета на граѓаните кои направија многу во изминатите години.

Next Post

ФБИ ќе им помага на црногорските власти во истрагата за кибер нападот

НАЈНОВО

Скриншот

Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

November 7, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинение за лажно пријавување бомба во училиште во Радовиш

November 7, 2025
Фото: Фронтлајн

Прекинато водоснабдување во дел од Шуто Оризари

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk