ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири од новото училиште во Илинден: 1 септември е почеток на нови подвизи и успеси

September 1, 2022 10:16
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Први септември означува почеток на нови подвизи и нови успеси. Посебно сум среќен што денеска ве гледам радосни и што заедно го пуштаме во употреба овој нов објект каде ќе ги имате вашите спомени, вашите успеси и достигнувања, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој утрово, на првиот училиштен ден, го посети новоизграденото Основно училиште „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Шаќири им посака успех во работата и на наставниците, порачувајќи децата да бидат мотивација за сите, како што рече, „каде треба да се движиме и како да работиме“.

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски на приредбата во училишниот хол рече дека новото училиште ќе биде место каде што децата ќе се дружат, ќе запознаваат другарчиња и ќе се градат како личности.

-Наша обврска е да обезбедиме услови за секое дете и заедно да изградиме генерација со која ќе се гордееме, рече  Георгиевски. Соопшти дека со новото училиште, првпат во општина Илинден се обезбедува дневен престој за учениците од прво одделение, ужинки за сите ученици, сензорна соба за деца со попречености и комплетно опремени училници по највисоки стандарди.

Добредојде на свечениот, прв училиштен ден им посака и директорката на ОУ „Гоце Делчев“  Душанка Крстевска, која посочи дека од година во година се зголемува бројот на првачиња и ученици во општината и дека во оваа учебна година имаат 122 првачиња, меѓу кои четири пара близначиња, распоредени во пет паралелки.

Новоизграденото училиште има 14 училници, наставничка канцеларија, конференциска сала, пет тоалети и три простории за кујна со трпезарии. Има и сензорна соба за поголема инклузија на децата со попреченост.

По повод почетокот на учебната 2022/2023 година, ресорниот министер Шаќири претпладнево ќе го посети и ОУ „Наим Фрашери“ во тетовска Мала Речица, а потоа и ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир. 

Next Post

Ковачевски за „Политика“: Отворен Балкан за инвеститорите значи поголем интерес за вложувања и за нови работни места

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk