ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Свои на своето со „Отворениот Балкан“

September 2, 2022 12:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Самиот факт што вчера во Белград, на Саемот за вино, во пријатна и весела атмосфера, четворица претседатели на држави, односно претседатели на влади пиеја вино, покажувајќи ни дека се намерачиле да „состанчат“ почесто во регионалната иницијатива наречена „Отворен Балкан“, делува охрабрувачки.

Ситуацијата може да се опише и сликовито: станари на четири згради (барем засега!) кои поттикнаа иницијатива фасадите да се дотераат и варосаат, па дури и на почеток пиејќи вино, делува оптимистички. Пријателската атмосфера вчера ми делуваше едноставно и убаво, затоа што знаеме дека ако односите со соседите не се добри поради многу сериозни причини, тогаш варосувањето на фасадите нема многу да промени.

Кога премиерот Ковачевски рече „Балканот е отворен“, за мене тоа, пред сè, значи дека сите во иницијативата „Отворен Балкан“ ќе делуваат на рамноправни основи и дека минатото нема да биде посилно од сегашноста и иднината. На конкретен пример тоа би значело дека пазарите на стока, капитал и проток на луѓе се отворени, што дополнително би значело дека Србија и БиХ ќе мора да најдат снага во себе и го признаат Косово, и така сите заедно да воспоставиме добрососедски односи, како и во секоја поединечна држава внатре меѓу своите сограѓани. Паралелно со тоа, ќе мора да тече процесот на соочување со минатото во сите држави од регионот.

Потоа, потребно е да се откажеме од секоја „вербална војна“. И да ги имаме на ум лошите политики од деведесеттите години кои доведоа до тоа национализмот да победи, а со тоа „на мени“ да произведе војни, убиства и масовни миграции.

Пред сите овие држави, за среќа, предничи мојата Северна Македонија: се откажа и го поништи национализмот од времето на Груевски, се грижи за сите етнички заедници внатре во државата; Албанците не само што се интегрирани, туку се вклучени на рамноправна и партнерска основа. Старите трикови за разгорување на конфликти, ако не се докрај деактивирани, барем се ставени во мирување. Тоа, од друга страна, е многу важен момент.

На тоа, уште еднаш да потсетиме: веселите дружби од вчерашниот ден поттикнуваат надеж и охрабрување дека ние сме способни да бидеме добри соседи, рамноправни и отворени едни кон други.

Исто така, во регионот мора да се престане со идеите за доминација на Србија и Србите, а како шлагворт на тоа, мора да се престане и со негирање на идентитетите и интересите на малцинските заедници на целиот регион. Зошто ова го зборувам? „Отворениот Балкан“ од една страна го гледам како факт, ама од друга страна не сметам дека од тој факт произлегува нешто кое треба да нè кочи, и што треба да нè групира во некакви „мали торови“ во кои ние ќе бидеме некои поглавици или врачеви, во однос на тоа како и на кому ќе му припадне некоја улога. Туку напротив, сите нас заедно, во „Отворениот Балкан“, нè поврзува една културно-јазична основа, така што во таа смисла ние сме навистина „свои на своето“ со „Отворениот Балкан“ без разлика на границите и државите.

„Отворениот Балкан“ е простор во кој нашите луѓе страшно добро меѓу себе се разбираат, притоа едно огромно мнозинство дели заеднички јазик, или многу блиски и сродни јазици, како што е словенечкиот и македонскиот јазик да речеме, па во таа смисла ние природно припаѓаме на „Отворениот Балкан“ како заеднички простор на нашата култура, јазик и во крајна линија – пазар. И за мене, „Отворениот Балкан“ е нешто сосема природно, не гледам како би можело да биде поинаку. Ако за момент се присетиме дека за Австријците заеднички природен простор би бил Германскиот, па уште и делат еден заеднички јазик, така што и нив сосема природно заедничкиот простор ги упатува едни на други. Или да речеме Британците и Американците, или Шпанците и Латиноамериканците итн.

Го сакам „Отворениот Балкан“, го делам тој простор со моите соседи. Просторот што се нарекува заеднички пазар е мојот „културен“ пазар. Мило ми е што повеќе не се прекинати физичките врски, мило ми е и што технологијата ни овозможува да ја продолжиме комуникацијата. Оттука, слободно и радосно велам, „Отворен Балкан“ е добра работа, а секое добро е и убаво, велеше И. Пртењача.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

Next Post

Твитер конечно воведува опција за промена на објавените твитови

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

November 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи; Обвинителката Бонди почна постапка за „Епштајн врските“

November 15, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk