ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изложба на дигитализирани фотографии на браќата Манаки во Кинотека

September 4, 2022 14:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Манаки

Манаки

Share on FacebookShare on Twitter

Дигитализирани фотографии од фотографскиот опус на браќата Манаки ќе бидат изложени во фоајето на Кинотеката на Република Северна Македонија до 7 септември. Автор на оваа изложба е Роберт Јанкулоски (1969), фотограф, режисер, кинематографер и проучувач на историјата на фотографијата на овие простори, јави МИА.

По повод јубилејот, покрај најавената изложба, на 7 септември, на последниот ден од Фестивалот на нем и класичен филм, посетителите на проекциите на трите етнолошки документарни филмови на Вера Кличкова ќе добијат ДВД со дигитално реставрираните филмови на браќата Манаки.

Милтон Манаки (09.09.1882, Авдела, Грција – 05.03.1964, Битола, Македонија) и неговиот постар брат Јанаки (1878-1954) се филмски пионери не само во земјава, туку и пошироко на Балканот. Јанаки, кој работел како професор по цртање и калиграфија, во 1989 во Јанина отворил фотографски дуќан, и тука започнува заедничката работа на браќата. Милтон го изучува фотографскиот занает токму таму, под менторство на неговиот постар брат Јанаки. Во 1905 година, браќата се селат во Битола, тогашен Монастир – важен политички, економски и културен центар во Румелискиот вилает на Отоманското царство, каде што го отвораат познатото „Ателје за уметничка фотографија“. Речиси петнаесет години подоцна го градат и отвораат киното „Манаки“ кое со кратки периоди на затворање (зарди пожар, банкротирање и слични „непогоди“) работело од 1921 до 1939 година.

По смртта на Јанаки, во 1955 година, Милтон целокупната филмска и фотографска оставина ја депонирал во Државниот архив на тогашна ФНР Југославија. Во 1976 година, по основањето на Кинотеката, филмските ленти се предадени на чување во овој наш национален филмски архив, и во текот на изминативе децении тие беа реставрирани и заштитени со изработка на архивски копии, а во 2011 година и дигитализирани, дигитално реставрирани и прогласени на национално културно наследство.

Фотографскиот опус, пак, денес се чува во Државниот архив, односно во Одделението на Државниот архив во Битола. Мал дел од овие материјали се и дигитализирани од Роберт Јанкулоски и „Македонскиот Центар за фотографија“ (МЦФ) – па и прикажани во рамките на неколку тематски изложби на Балканов и во Македонија и во монографијата „Манаки, приказна во слики“, а допрва следи комплетна дигитализација од страна на Архивското одделение во Битола што годинава доби можност да ја започне на дигитализација на „Фондот 580“ на браќата Манаки кој заедно со огромниот фотографски материјал содржи 20.000 фајлови што Архивското одделение ги чува во своите депоа заедно со „камерата 300“.

Во тек е постапка за прогласување на комплетната архивска граѓа од фондот на браќата Манаки во Државниот архив – за културно наследство од исклучително национално значење.

Next Post

Нагелсман: Извонредно е што има голема конкуренција во Баерн

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk