Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман како многу позитивна ја оцени конкуренцијата во тимот.
Пред почетокот на сезоната решивме да има сериозна конкуренција во Баерн. Би било чудно да имаме поинакво мислење. Мислам дека тоа е важно за секој клуб. Во меѓувреме, сè оди доволно добро. Штом има многу кандидати за место во првиот состав, тогаш нормално е секој да го дава максимумот на тренинзи и на натпревари за да се избори за позицијата „стартер“, изјави Нагелсман.
Предводникот на Баварците не е загрижен поради тоа што неговиот тим игра променливо во почетните кола од новата бундеслигашка сезона.
Баерн вчера одигра 1:1 на гостувањето кај Унион Берлин.
По пет кола во Бундеслигата, Баерн има освоено 11 бодови и се наоѓа на третото место. Водат Фрајбург и Борусија Дортмунд со по 12 бода.