ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мали желки трчаат кон океанот

September 4, 2022 15:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Кога ВМРО се обидува да се закачи на македонската платформа, тој се однесува како стар „Дарвил“ што мисли дека може да функционира на оперативниот систем Иос. Проблемот е во тоа што и македонската платформа има симпатии за овој стар часовник повеќе отколку што Епл има за швајцарската класика и во обидите да му ги пружи своите услуги, во таа несинхронизираност, самата претрпува значителна штета, додека часовникот, сеедно, доцни со векови.

Без секакви сентименталности кон ова изгравирано џебно културно наследство, со сребрен синџир за над слепото црево, треба да се каже дека нема современа оперативна платформа за него. Ни Иос, ни Андроид, ни Хармони, ни Путини, ништо не може да му помогне, дури мислам дека и на бугарската платформа повеќе нема да може да работи.

Што ќе рече дека ако сакаат да знаат колку е часот, македонската платформа и Македонецот, мораат да користат други саати.

Тоа е.

Преведено на политички јазик тоа значи дека сите настојувања вмро-дпмне да дојде на власт претставуваат тешко подносливо тероризирање на општеството и посебно на македонската етничка компонента.

Со страшни последици.

Растурени сме како бугарска скупштина.

Фрлете благ поглед преку рамото и ќе видите со што сѐ во изминативе години и децении, комитите ја имаат испосрано Македонија.

Мали, глупави, неписмени, но амбициозни идиоти.

Проклети да се.

Поголеми шанси имаме да ја симнеме месечината во Овче Поле, отколку да го качиме вмро на власт.

Работите, можеби, можат да се сменат ако се проба нешто со самиот „Дарвил“. Со некаква интервенција. Нешто да се смени. Некој чип да му се додаде или одземе. Да стане компатибилен и авајлабилен за модерните системи.

Јас верувам дека во вмро-дпмне има луѓе кои го разбираат безизлезот во кој ги има турнато не само глупавото раководство, туку праксата во која учествуваат како американските лудаци по школите и трговските центри. И целата идејна матрица. Која се темели на ексклузивитетите врз македонските работи.

Луѓе кои, помалку или повеќе, разбираат дека треба да се ресетираат и да ја прифатат демократската игра и статусот на демократски играч.

На еден од демократските играчи.

Пленот во тој случај не би била сета Македонија, но парчето би било многу поизвесно.

Уставните промени се тема на која може да се види или да не се види тој процес на идејното и политичко зреење.

Или на безнадежното заглавување.

Уставните промени можат да бидат знак  на интеграцијата на Македонија врз здрави основи, вмро не може да биде таква основа, тоа е дефинитивно, односно вмро е основната причина на дезинтеграцијата. Шансите на вмро, политичките шанси, шансите да се врати на власт се во интеграцијата, не во монополизацијата на националните работи и во радикализацијата на општеството како техника и тактика.

Ако тоа не го разбираат тогаш треба да се каже дека друга заедничка тема, пред оваа, немаме.

Целиот тој евроблок, значи Договорот со Бугарија, преговарачката рамка, протоколот и препораките што беа и што ќе следат, не се прашање на политички избор, тие се контекст во кој политичкиот избор ќе биде можен.

Во тој контекст е можна хармонизација на општеството, тој контекст мора да биде рамка на политичките конфликти, самиот контекст не смее да биде предмет на конфликтот затоа што, наспроти левтерната и дури оптимистичка популистичка офанзива среде простата маса, алтернатива, нема.

Ниту е тоа класичниот македонизам како национална платформа, ниту е тоа вмро како политичка артикулација.

Во техничка смисла Македонија е исправена пред политички избор. Гласањето за уставните промени е политички чин, молам. Но, во суштина, потребите од преживување и развој, ги пробиваат рамките на класичната конституција и саморазбирање како што пилето ја пробива лушпата на јајцето. Нашите илинденски јајца се тесни. Животот во Македонија мора да ги скрши. Или да умре. Тоа е, драги пријатели.  Ние сме како мали морски желки на кои им минува времето во кое мора да ја претрчаат песокта на плажата и да стигнат до океанската вода.

Милчин вика да сме си останале во песокта.

Да прогласиме мораториум за океанот.

Мојата омилена метафора е со триатлонот.

Не е политички избор на натпреватувачот дали ќе излезе од водата за да се качи на велосипедот и потоа да трча, туку се тоа правила на дисциплината.

Така е и со Македонија.

Мораме да излеземе од илинденската и асномска вода, да се истресеме како куче и да продолжиме на некој добар точак. Мораме час поскоро да влеземе во океанот. Точно е дека таму можеме да налетаме на некој орка кит, но шансите за тоа се милион пати помали отколку ако останеме во песокта.

Такви се правилата на животот.

Во врска со темава сакам да потсетам на еден статус што го објавив пред четири или пет години.

Хеико Мас ги повика „пристојните“ и „тивкото мнозинство“, демократска Германија, „да станат од своите каучи“ и „да отворат уста“, во одбрана од расистичките и нацистички бранови што ја заплиснуваат најмоќната земја во Европа.

Тоа е порака што мора да се сподели и во Македонија. Се разбира, ние сме минорна димензија по сѐ, но принципот е тој: не смееме да дозволиме пристојноста на демократскиот дел од општеството да ја претвориме во плодна почва за размножување на вакви и онакви лудаци, расисти и нацисти, бандити, заостанати, некултурни, необразовани, некадарни, простаци, да ни се наметнуваат како политички критериум и да ни го одредуваат дискурсот,  користејќи ја бруталноста и насилството и стравот од насилството како своја предност. Мораме да станеме од каучите, да ги прочешламе мозоците, да станеме гласни и кај што е неизбежно да им ги скршиме муцките на ѓубрињата или макар да им кажеме дека ние сме спремни тоа да го направиме. За почеток, престанете да ги комуницирате, да им праќате камери и новинари на секое место кај што ќе решат да се посерат, да им го стесниме просторот и значењето што им го пумпаме со бесмислениот интерес. Ако грешам, да ме убиете, хахаха, не, бе, сакав да кажам: ако згрешам нека изгорам!

Тоа е.

На разбудената десница која е поодвратна со карикатуралноста отколку со десничарството, што фати некаков залет на темата за евроинтеграциите, со плачипичестиот став против, против Европа, против Бугарија, против, како пееше Мадре Бадеша, против сите, а најмногу против нив, всушност, против себе, мораме да ѝ одговориме, не со различни мислења, туку со јасни ставови и енергични акции, не смееме монополот на борбеноста да им го препуштиме на идиотите, не смееме да се камуфлираме во пристојноста, во ставот дека ние не сме како нив, точно, но за да не бидеме како нив прво, треба малку да им покажеме дека можеме да бидеме и полоши.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нашиот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вечерва на „Охридско лето“

July 27, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген, шестмина се во критична состојба

July 27, 2025

Трамп: Разговарав со лидерите на Камбоџа и наТајланд, двете земји сакаат прекин на огнот

July 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

    Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СТРУШКИ ПРЕДИЗБОРНИ ОДГЛАСИ: Ќе има ли градот само еден кандидат за градоначалник?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk