ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Експерт Лаки и неговото новинарство „откини, изџвакај и плукни“

September 5, 2022 13:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Медиумските проекти на Латас и „вмроовците“ претставуваат две половини од еден ист задник. Взаемно се неопходни за да може да функционираат. Каква Македонија тогаш сонува експерот Лаки, машинистот Мицко и „плукни на дланка и запеј“ партијашите, ако токму експертот им е потребен за правење на таква Македонија?

Доколку споменатата тројка мисли дека нормална земја се подигнува на нивните темели, во македонската историја ќе бидат обележени како конзилијум на доктори кои против канцер се борат градејќи гробови.

Во овој случај, експеротот Лаки не е невин, ама не е главен виновник. Тој малечок „експерт“ без скелет, внатрешниот лифт ионака не дофрла до последниот кат, односно глава. Овој македонски медиумски „могул“, во политичка смисла претставува само ритуална жртва, проект на зрела фаза од груевизмот. Која е неговата мисија? Да го поттикнува инфантилизмот на масите, да го јакне партиско-вмровскиот авторитаризам, да спроведува „In vivo“ диктатура на вулгарноста, да ја поттикнува тривијалноста, да корумпира со не-тезите, и во конечноста – да брише сè пред себе. Само под услов – како што се приметува од неговото говорење – своите гледачи да ги усмерува кон своите политички и финансиски концесионери, со помош на неколку телевизиски барбики, го „шприца“ медиумскиот садизам само за да ги препарира граѓаните во демагози, да им го мотивира празноверието, да им го развива цинизмот, а за возврат, се знае, уште повеќе привилегии и „кешарица“, сè она кое со „чесна“ работа го стекна во годините на Груевски.

Експертот Лаки генерално земено е само последица. Пипците на вина одат кај Груевски, а денес – според истата инерција – завршуваат кај Мицкоски. Таквите и слични на „експертот“, сметаат дека добра порака чини еден глас. Милион пораки чинат милион гласачи. Генијално глупаво!

Вака, со чвор околу глава, Латас е еден од најголемите изборни адути на ВМРО-ДПМНЕ што има за цел да игра на хистерија, внатрешниот страв на Македонците, популизам и демагогија. Јасно е и зошто: нацијата само низ програмот на постгруевизмот може да се дресира, да опстанува, да јаде без храна и да живее без живот. Преку него лесно пропагандата се претвора во терор, Латас без грижа на совест неказнето нè мачи третирајќи ги сплeтките и кулоарите на неговите политички противници, а на останатите кои не му се по волја, радосно им порачува дека се ништо друго освен најкорумпирани, најбедни и најантипатични во земјата. Само преку неговото „новинарство“ од типот „откини, изжвакај и исплукај“ може на Македонците да им се закануваат со „губење на идентитетот“ ако продолжат со мир, пријателство и соживот.

До вчера, „куртон новинарството“ другаруваше со шефови на тајни полиции, ама денес, веројатно, нема ништо со тоа, денес е пристоен, морален, етичен и „вистински“ новинар?

За политичката прогноза на нашата блиска иднина воопшто не е битно кој е повеќе во право, дали Латас или Мицкоски. Знае Македонија многу добро кои се овие двајца и на што се спремни. Универзалната политичка порака би била: лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нема ништо со Латас, тој, нели, е „називисен“, неговите ставови се независни во јавноста, нели? Се до оној момент додека Мицкоски не му намигне на експерт Лаки – „еби ми матер, ние сме со тебе“. Злобниците ќе речат дека исти упатства добиваат и некои полициски подруми низ државата, судејќи според тонот на нивната премолчена поддршка.

Значи, според нивната верзија на следните избори, двајцата неформални лидери на ВМРО-ДПМНЕ, експерт Лаки и машинецот Мицко, потребни си се еден на друг. Затоа што нив многу повеќе им вреди медиумска халуцинација, отколку норамалноста, демократија и проектите. Нема ништо друго освен шарени лаги; каква албанска коалиција, каква црна инклузивност, каква будалаштини од типот „Македонија за сите луѓе“ (и овој слоган им е украден), само халуцинација, закани и удбашење. И тоа е целата игра на Мицкоски и неговите „теленовели“. Што е тука виновен кутриот експерт Лаки, чист уметник на преживувањето, кој најдлабоко влегува во себе тогаш кога се копа во носот? Тој кутриот само сака својата беда што ја стекна во времето на Груевски да ја зачува за „следната“ власт.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Next Post

Украинските сили уништиле складиште за муниција и понтонски мост во контраофанзивата во јужниот дел на земјата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk