ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Италијанскиот претседател Серџо Матарела пристигна во официјална посета на земјава

September 8, 2022 20:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Италијанскиот претседател Серџо Матарела вечерва пристигна во официјална посета на земјава. Матарела на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Матарела утре ќе биде пречекан од претседателот Стево Пендаровски со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата шефови на држави и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Италија.

Претседателите Пендаровски и Матарела досега имаа средби во Рим во ноември 2019 година и во мај 2021 година.

Како што соопшти Амбасадата на Италија, по средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што ќе се сретне со претседателот на Парламентот, Талат Џафери.

Во рамки на свечената седница, ќе се обрати до пратениците и граѓанските и верските претставници во земјата.  

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Матарела и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Во попладневните часови и премиерот Димитар Ковачевски ќе го пречека претседателот Матарела и неговата делегација. По средба со претставници на италијанската заедница во земјава, шефот на државата во вечерните часови ќе го напушти главниот град.

Серџо Матарела беше избран за претседател на Италијанската Република во јануари 2015 година, а на таа функцијата беше реизбран и во февруари 2022 година, со над 75 отсто од гласовите на Собранието, со што е втор претседател избран со најголем број гласови во историјата на Италијанската Република. Посетата на Матарела на највисоко ниво го потврдува интензитетот на односите меѓу Италија и Северна Македонија, на политичко поле (Италија отсекогаш ги поддржувала евроатлантските амбиции на Северна Македонија и го поддржува нејзиниот развојен и институционален пат со широк сет на иницијативи за соработка), општествено (Италија е домаќин на значителна македонска дијаспора) и економско-трговско поле (Италија е осми трговски партнер, со силен нагорен тренд). Во земјава расте и интересот за италијанската култура и јазик, посочуваат од Италијанската амбасада во Скопје. 

Next Post

Ковачевски на Централната прослава: Обединети во слободата ги продолжуваме перспективите и патоказите за развој на државата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk