ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски на Централната прослава: Обединети во слободата ги продолжуваме перспективите и патоказите за развој на државата

September 8, 2022 20:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Благодарам што сте тука вечерва, заедно да го заокружиме прославувањето на Денот на независноста на Република Северна Македонија, со цврста определба дека Обединети во слободата ги продолжуваме перспективите! Перспективите на Република Северна Македонија, кога, на историскиот референдум на 8-ми септември, 1991-та година, граѓаните, во огромно мнозинство, сплотени, независно од етничките, политичките или други различности, одлучија да живеат во самостојна и независна држава. А, нешто потоа, ги поставија и патоказите за развојот – членството во НАТО и Европската унија.

Ова вечерва го порача премиерот Димитар Ковачевски, на централната прослава по повод Денот на независноста – 8 Септември, што се одржува на платото кај паркот „Ибни Пајко“ во Скопје.

Гласот за суверена и самостојна македонска држава е глас за Македонија, заеднички дом на Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите и претставниците на другите народи што живеат во неа – заеднички дом израснат врз вековното искуство на национална и верска толеранција и почитување – но и за достигнување квалитет на највисоки стандарди во меѓунационалните односи, така како што извира од духот на Крушевскиот манифест“, уверуваше првиот претседател на нашата држава, Киро Глигоров, во пресрет на референдумското изјаснување, рече Ковачевски.

Случувањата потоа, потсети премиерот, ја покажуваат исправноста на одлуката да се продолжи да се чекори по стапките на илинденците и асномците, кои “обединети во борбата“ ги поставиле темелите на слободата и државноста.

Граѓаните во тие 90-ти години покажале свесност дека обединувањето во минатото, ја донело слободата. Но знаеле и дека не смее назад од веќе постигнатото – во името на иднината. И затоа погледот го насочиле напред – кон остварувањето на новата прогресивна цел пред нив – независноста, со определбата, обединети да ја сочуваат и веќе извојуваната слобода, посочи Ковачевски.

Со мудрото политичко лидерство во тоа време, продолжи премиерот, кога се случува мирната транзиција на тогашна Социјалистичка Република Македонија, во тогашна независна Република Македонија, сочуван е по мирен пат унитарниот карактер на нашата држава, нешто што во другите земји во регионот, за жал, не беше случај. А со обединувањето на граѓаните околу новопоставената перспектива – независноста, зачекорено е храбро по новотрасираниот пат на прогресот, што и денес го одиме.

Две суштински нешта сметав дека е потребно да нагласам, поради што се навратив на контекстот и на начинот на којшто е постигната независноста на денешна Република Северна Македонија: важноста да се има мудро, храбро и прогресивно лидерство, кое што во клучен момент може да препознае што е исправно и да води напред и важноста на заедништвото, во заложбите за постигнувањето напредок, подвлече тој.

Искуствата, додаде Ковачевски, покажуваат дека „мораше да се обединиме за независноста на Македонија во 1991-та година; мораше да се обединиме и кога одлучивме да надвладее разумот и да спречиме проширување на конфликтот во 2001-та година; мораше да се обединиме кога ја обновиме демократијата во 2017-та година; мораше да се обединиме кога донесовме тешки државнички одлуки, со коишто Република Северна Македонија, од меѓународно изолирана држава, ја развивме во почитуван и доверлив партнер, членка на НАТО, во 2020-та година – и денес, мора да сме обединети за да се реализира нашата втора стратешка цел – полноправното членство во Европската Унија, нагласи премиерот.

Конечно е тоа можно, по 17 години од добиениот кандидатски статус. Ги отворивме преговорите со Европската унија. Одржана е првата меѓувладина конференција, во Советот на ЕУ. На патот, од независноста – до денес, наша света должност беше да го зачуваме македонскиот идентитет и да ја развиваме функционалната мултиетничност, по којашто денес сме препознаени во светот. Го зачувавме, го потврдивме и го зајакнавме македонскиот идентитет. Македонците и македонскиот јазик се впишани во личната карта на Обединетите нации. Првите документи во Брисел веќе се преведуваат на македонски јазик. Европската унија нè прифати како Македонци, кои говорат македонски јазик, истакна тој.

Ковачевски рече дека сме почитувани и признаени и како држава на богатство од различности, каде граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, и сите други, кои живеат во Република Северна Македонија, рече тој, имаат исти права и должности и споделуваат исти демократски вредности, како Европа во мало – и во тоа е и нашата сила и нашата вредност.

Next Post

Заев: Мудроста и капацитетот на кралицата Елизабета втора, во изминативе 70 години беа водилка за многу светски лидери

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk