Поранешниот премиер Зоран Заев по повод смртта на британската кралица Елизабета втора, во објава на Фејсбук истакна дека мудроста и капацитетот на кралицата во изминативе 70 години беа водилка за многу светски лидери.
„Нејзиното величество Елизабета II ни беше домаќин на приемот за време на НАТО самитот во Лондон во 2019 година. Нејзиното величество Елизабета II ни беше домаќин на приемот за време на НАТО самитот во Лондон во 2019 година. Нејзините мудрост и капацитет изминативе 70 години беа водилка за многу светски лидери, а сигурен сум дека ќе инспирираат уште многу државни и полтички водства во времињата кои доаѓаат Почивајте во мир Ваше величество. Ви благодариме за сѐ што Вие и Обединетото Кралство направивте како поддршка на интегративниот пат на Северна Македонија“, истакна Заев.