ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Не треба референдум, без разлика на исходот опозицијата е против уставни измени и против ЕУ

September 12, 2022 21:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ Фото: Фронтлајн

Бојан Маричиќ Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Нема да има никаква смисла ниту цел одржување референдум, кога без разлика на исходот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не планира да гласа. Само еден референдум има смисла – дали сте за членство во ЕУ или не, сите други прашања се заобиколување на единственото вистинско прашање, изјави вицепремиерот за европски парашања Бојан Маричиќ, јави МИА.

Прашањето за референдум е навистина сериозно и жалам што ВМРО-ДПМНЕ на таков начин го отвори, не е тоа соочување на власта и опозицијата, туку едноставно зошто би биле ставени граѓаните во таква ситуација. Да се потсетиме прашањето кое што го предлага ВМРО-ДПМНЕ за референдумот е врзано за Договорот од 2017 со Бугарија, за кој што исто како и за францускиот предлог во јули оваа година, ВМРО-ДПМНЕ немаше ни храброст, а имаше можност да гласа против. Тие ниту тогаш 2017, ниту сега за францускиот предлог не гласаа против, туку ја напуштија салата на чинот на гласањето, истакна Маричиќ во гостувањето на Топ Тема на Телма ТВ.

Вицепремиерот за европски прашања смета дека ова е политичка игра или желба како опозицијата да излезе од оваа ситуација во која што самите се наоѓаат, повикувајќи се на фактот што со години во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, која влијаеше и СДСМ да ја смени програмата, беше ставено, дека кое било решение со Грција треба да се најде на референдум пред граѓаните и кога дојде времето за референдум 2018 година, ВМРО-ДПМНЕ реши да го бојкотира.

Доколку навистина ВМРО-ДПМНЕ беше против францускиот предлог и против Договорот со Бугарија ќе гласа против за ратификацијата или сега зошто, пет години подоцна се отвора прашањато за референдум за Бугарија зошто не се отвори прашањето за референдум за Преспанскиот кога веќе го отвараат за Договорот со Бугарија, нагласи Маричиќ.

Тој додаде дека се јасни условите под кои ќе влеземе во Унијата, тие се веќе поставени во Преговарачката рамка и смета дека ако се прави референдум, прашањето треба да биде вистинското, не дали сте за поништување на договорот, туку дали сте за членство во Европската Унија.

Никому во Владата, вели, не му било драго или пак го правел со задоволство компромисот кој беше направен со Бугарија.

Но мора да се водиме од државните интереси, од државнички пориви и желба да се однесе државата напред. Два ни се интересите: да си го зачуваме идентитот и јазикот и второто е да станеме членка на Европската Унија, тврди Маричиќ.

Според вицепремирот, вистинското прашање на референдумот треба да биде „дали граѓаните се за членство во Европската Унија“. Бидејќи ние не ги поставуваме условите под кои ќе влеземе во ЕУ, тие се поставени на тој начин како што се. Преговарачката рамка е усвоена, смета Маричиќ.

Само еден референдум има смисла: дали сте за членство во ЕУ или не. Сите други прашање се заобиколување на единственото вистинско прашање. Во договорот со Бугарија не се уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ на некој начин можеби и свесно ја двои агендата, на уставни измени со Договорот со Бугарија, вели Маричиќ.

Тој не сакаше да прецизира дали доколку бидат собрани 150 илјади потписи за распишување референдум, владејачката СДСМ ќе повика на бојкот или ќе учестува.

Рано е да се каже. Сто пати да ме прашате, истиот одговор ќе ви го кажам. Мислам дека на оваа тема не треба да има референдум. Ако сакаме референдум, треба да биде со вистинското прашање: Дали сакате Северна Македонија да биде членка на ЕУ? Тоа е суштината на оваа дилема, порача Маричиќ.

Според него, најдобро за државата е да се фокусираме на заеднички утврдена агенда за реформи, заеднички со опозицијата, на заедничка работа на скринингот и на преговорите и сите отворени прашања да се дискутираат во Националниот совет за евроинтеграции, тело на кое, вели, треба да му дадеме нова сила и ново значење.

Next Post

Маричиќ: Немаме време за губење, имаме реформи за исполнување, опозицијата конечно нека заземе став за побрзо да одиме напред

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk