ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Преку НИПП порталот со еден клик може да се пристапи до огромен број просторни податоци

September 13, 2022 16:05
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска имаше видео обраќање на годишната „GDi Solutions Day“ конференција.

Како што информира владината прес-служба, Битиќи истакнал дека „GDi Solutions Day 2022“ е веќе традиционален настан каде се претставуваат и дискутираат технолошки платформи, решенија и начини на унапредување на деловните процеси.

-Дигитализацијата е иднината на светот, токму затоа, пред една година го промовиравме Национален геопортал на просторни податоци, истиот има за цел зголемување на транспарентноста на работата на јавниот сектор и достапноста до гео-просторните податоци до сите граѓани и стопанството. Со воспоставување на овој нов геопортал, со само еден клик, им овозможуваме на граѓаните, бизнисите како и на државните институции, да пристапат до мноштво гео-просторни податоци, со што значително се олеснува и забрзува секој процес, рече Битиќи.

Со еден клик на НИПП гео-порталот може да се дојде до бараната информација, може да се видат катастарските парцели, хидрографската мрежа, патната мрежа, начинот на искористување на земјиштето, зградите, географските имиња, висинскиот модел на теренот, ортофото картата, како и други податоци.

Битиќи информира дека полнењето на овој портал претставува предизвик и е комплексен процес, но не и недостижен. На НИПП порталот веќе се наоѓа голема база на податоци, но таа мора да се дополни и постојано да се надградува бидејќи има бројни бенефити.

-Земајќи ја предвид важноста на просторните податоци во секојдневно работење на државните институции, во ера на дигитално или „смарт“ општество, мотивацијата и вредноста на инвестициите во овој домен честопати можеби и не се јасно потенцирани. Честопати, пазарната вредност на податоците не може да се препознае се до моментот на имплементација и користење на податоците. Но, верувам, дека сите присутни денеска јасно разбираат дека таа е голема, нагласи Битиќи.

Според Битиќи, собирајќи значајна бројка на институции од државен и приватен сектор, оваа конференција дава можност за размена на искуства, знаење и дефинирање на добри пракси од национален интерес.

 

Next Post
Напуштени руски тенкови во Украина. Фото: Укринформ

Руската армија го напушти градот Кремина, итно ги евакуираат семејствата од Крим и јужна Украина

НАЈНОВО

Скриншот

Хамилтон: Не можеш да работиш секој час од твојот живот, инаку ќе бидеш несреќен

November 3, 2025

ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

November 3, 2025

АВМУ: Сите анализирани медиуми генерално известуваа неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk